Празнични стапчиња од колач со ѓумбир
Нема нешто што повеќе ги симболизира Божиќ и новогодишните празници од колачиња со ѓумбир. Полни со вкусни зачини и прелиени со украсни празнични декорации, овие едноставни стапчиња од колач со ѓумбир се совршен десерт што можете да го подготвите заедно со вашите деца.
Состојки
- 80 gr путер
- 100 gr мед
- 60 gr кафеав шеќер
- ½ лажички кардамон (ароматичен зачин)
- ½ лажички морско оревче
- 1 ½ лажичка ѓумбир
- ¼ лажички каранфилче
- 200 gr брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
- Украси од шеќер
Метод
Во сад ги додадете путерот, медот, шеќерот и зачините и промешајте ја смесата. Кога смесата ќе се измеша, додадете брашно и прашок за печиво и продолжете да мешате со шпатула, па потоа месете со рацете. Бидете внимателни да не го месите тестото премногу. Посипете брашно на работната плоча и исукајте го тестото во форма на правоаголник со дебелина од 5 mm. Исечете го тестото на линии со ширина од 1 cm, префрлете го во плех и печете 12-15 минути на 170°С. Украсете со шеќерна глазура и декорации од шеќер.