Тирамису од јагоди
Тирамису од јагоди? Секако! Земете ги состојките и подгответе се да го создадете овој неодолив овошен десерт.
Состојки
- 400 гр сечкани јагоди
- 100 мл вода
- 20 гр шеќер
- 1 лажица сок од лимон
- 2 јајца
- 30 гр ванилин шеќер
- 220 гр сирење маскарпоне
- 80 гр пишкоти
- 2 лажици сечкани ф’стаци
Метод
Исечкајте 400 гр јагоди на коцки. Во тенџере додадете 200 гр јагоди исечкани на коцки, 20 гр шеќер, 100 мл вода и 1 лажица сок од лимон. Измешајте ги овие состојки и доведете ги до вриење. Варете ја смесата 8-10 минути. Тргнете ја од оган и процедете ги јагодите. Изладете го сосот од јагоди. На пареа изматете 2 жолчки и 30 гр ванилин шеќер. Матете 2 минути додека смесата не добие светла боја. Додајте ги приготвените жолчки на 220 гр сирење маскарпоне. Мешајте додека не се соединат. На пареа изматете 2 белки. Матете дури не се стегнат. Излејте ги белките во кремот со маскарпоне. Потопете ги пишкотите во сокот од јагоди неколку секунди. Покријте го дното на чашата со натопените пишкоти. Прелијте со кремот од маскарпоне. Додајте свежи јагоди и повторувајте ги слоевите. Завршете со слој од свежи јагоди и сечкани ф’стаци.