Рецепт за ќофтиња од црвена леќа

Лесен и едноставен рецепт за ќофтиња од црвена леќа, подготвен со AirFry технологија.
Состојки
- 300 гр сладок компир
- 1 ¼ лажичка сол
- 400 гр варена мелена црвена леќа
- 1 ½ лажичка лук во прав
- 2 лажички гарам масала
- 1 лажица кромид во прав
- ¼ лажичка чили во прав
- 40 гр рендан пармезан
- 90 гр сушени домати
- 1 јајце
Состојки за печење:
- панко трошки
- 2 јајца
Метод
Потурете 1 лажичка сол над 300 гр ситно рендан сладок компир. Измешајте и оставете да отстои 10 минути. Додадете 400 гр сварена црвена леќа во процесорот за храна. Мелете 2 минути. Префрлете ја леќата во подлабока чинија. Додадете 1 ½ лажичка лук во прав, 2 лажички гарам масала и 1 лажица кромид во прав, ¼ лажичка чили во прав, 40 гр рендан пармезан, 90 гр сечкан сушен домат и 1 јајце. Исцедете ги ренданите слатки компири и додадете ги во садот и добро измешајте. Обликувајте ќофтиња од 30 до 35 g. Секое ќофте потопете го во смеса од јајца и панко трошки. Ставете ги ќофтињата на плиток перфориран плех за печење. Изберете го режимот AirFry и загрејте ја рерната на 200 °C. Поставете го плехот на ниво 4 и печете ги ќофтињата 20 минути.