Утринска закуска: Рецепт за гранола-плочки за појадок

Breakfast granola bars on a wooden board.

Да се нема време за појадок не треба да значи излегување оддома со празен стомак. Нашиот рецепт за гранола-плочки за појадок е совршен за оние утра кога сте во постојано движење – тој ги обединува крцкавиот овес, јаткастите плодови и малку мед, за да ви го отвори денот пред вас, дури и кога немате време за појадување.

Состојки

  • 220 сос од јаболка
  • 2 јајца
  • 70 гр кокосово масло
  • 150 гр несолен путер од кикирики
  • 120 гр мед
  • ¼ лажичка сол
  • 2 лажички мелен цимет
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • 130 гр валан овес
  • 60 гр сува брусница
  • 40 гр пекан, сечкани
  • 40 гр печени и посолени ф’стаци, сечкани
  • 1лажица валан овес, за прелив

Метод

Почнете со матење на 220 гр сос од јаболка и 2 јајца, во еден голем сад, додека овие состојки не се соединат добро. Продолжете да матите 150 гр путер од кикирики, 70 гр кокосово масло и 120 гр мед, додавајќи ги во смесата. Зачинете со ½ лажичка сол, 2 лажички цимет и 2 лажички екстракт од ванила по вкус. Потоа, преклопете го валаниот овес и 60 гр сечкана сува брусница во смесата. Истурете го ова тесто во четвртест калап за печење, намачкан со масло и обложен со хартија за печење, со димензии 20 x 20 cm, така што тестото рамномерно ќе го распоредите во плехот. Украсете ја површината на тестото со 40 гр ф’стаци, 40 гр пекан и 1 лажица валан овес за дополнителна текстура и вкус. Печете ја подготвената смеса во рерна загреана на 180°C, на програмата за горен/долен грејач, 30 минути. Оставете ги гранола-плочките целосно да се изладат во плехот за печење пред да ги извадите. Откако ќе се изладат, исечете ја гранола-плочата на 12 еднакви ленти. Доколку сакате да ги чувате подолго време, ставете ги гранола-плочките во фрижидер, во сад со капак, за да им ја зачувате свежината.

Создадете спомени: вградни рерни

Кујната е срцето на домот и нашите вградени рерни се срцето на секоја модерна кујна. Нивната карактеристична HomeMade форма со зголемен волумен од 71 литар им овозможува на вашите јадења секогаш да се печат до совршенство. Опремени со широк избор на функции кои го поедноставуваат готвењето, тие ќе ве инспирираат да се забавувате во кујната со вашите најблиски и да испечете вкусни спомени кога сакате.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате