Ќофтиња од компири со индиски зачини
Љубители на лесниот начин за подготовка на рецепти и на индиски зачини, ние го имаме рецептот токму за вас! Овие ќофтиња од компири со индиски зачини се совршени за напорните денови, кога сакате вкусна храна, но немате многу слободно време за готвење.
Состојки
- 400 гр варени компири
- 140 гр исцеден конзервиран наут
- ½ ½ лажичка мелен ким
- ½ лажичка кромид во прав
- 1 лажичка гарам масала
- ½ лажичка сол
- ½ китка магдонос
- 1 супена лажица растително масло
Метод
Во еден голем сад ставете 400 гр сварени и изладени компири исечкани на коцки. Испасирајте ги компирите. Додадете 140 гр исцеден сварен наут. Зачинете со ½ лажичка мелен ким, ½ лажичка кромид во прав, 1 лажичка гарам масала и ½ лажичка сол. Добро измешајте. Обликувајте 8 ќофтиња од компири. Во тефлонска тава загрејте 1 лажица масло. Пржете ги ќофтињата од компири по 2 минути на секоја страна.