Брз и лесен рецепт за тестенини со школки

Mussels pasta on plate and neutral table.

Есента никогаш немала поубав вкус. Овој брз и лесен рецепт за подготовка на тестенини со школки брзо ќе стане ваше омилено јадење во пријатните септемвриски квечерини.

Состојки

  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 мала главица кромид
  • 3 чешниња лук
  • 1 чили
  • 150 мл бело вино
  • 1 ловоров лист
  • 30 гр путер
  • 500 гр мали школки, исчеткани и обработени
  • 200 гр тестенини во вид на ленти (јуфки)
  • 2 лажици сечкан свеж магдонос
  • 1 лажичка кора од лимон

Метод

Во голема тава загрејте 2 лажици маслиново масло, а потоа додадете 1 главица исечкан кромид и пржете го кромидот додека не стане проѕирен. Додадете 3 ситно сечкани чешниња лук и 1 чили, па пржете неколку минути. Истурете 150 мл бело вино, додадете 1 ловоров лист и 30 гр путер, а потоа измешајте 500 гр школки и покријте ја тавата со капак. Гответе на средна температура 5 до 6 минути, повремено протресувајќи ја тавата. Откако ќе се отворат школките, префрлете ги во една чинија, оставајќи го сосот да се намали неколку минути. Во меѓувреме, сварете 200 гр јуфки во зовриена вода до ал денте. Сварените тестенини и 2 мали црпалки од водата за тестенини соединете ги со сосот и добро промешајте. Школките вратете ги во тавата, додадете 2 лажици сечкан магдонос и 1 лажичка кора од лимон, а потоа измешајте и варете 2 минути на тивок оган. Пренесете го јадењето во една голема чинија и веднаш послужете.

Сподели:

Можеби би сакале да прочитате