Вегански мајмун-мафини
Овие вкусни чоколадни мафини во облик на симпатични мајмуни ќе бидат тема на разговор по секое роденденско прославување на кое ќе се појават.
Состојки
- 2 банани со средна големина
- 1 супена лажица семе од лен + 2 супени лажици вода
- 1 1/2 мало лажиче сода бикарбона
- 100 gr кафеав шеќер
- 40 gr путер од кикирики
- 1 мало лажиче екстракт од ванила
- 2 супени лажици кокосово масло
- 30 gr какао во прав
- 140 gr овесно брашно
- 50 gr мелени сирови нелупени бадеми
- 60 gr црно чоколадо
Метод
Излупете ги двете средни по големина банани, поделете ги на парчиња и додадете ги во еден сад за мешање. Во садот додадете 1 лажица семе од лен и 2 лажици вода, а потоа изматете сè со виљушка. Додадете ги сите суви и влажни состојки и нежно мешајте, користејќи шпатула, додека сè не се соедини. Наполнете 12 калапи за мафини до две третини од волуменот и печете 20-25 минути на 180 °C на централно поставената решетка користејќи ги горниот и долниот грејач. Оставете мафините да се оладат и украсете ги со ганаш (прелив) од темно чоколадо. Завршете го украсувањето на мафините со парченца од марципан во форма на делови што посетуваат на мајмун или направете декорации користејќи фондан.