Рецепт за вкусни црвенокадифести тартуфи

Red velvet truffles on white plate and table

Споделете ја љубовта на овој Ден на вљубените во форма на црвенокадифести тартуфи со кои вашите најблиски нема да можат да се наситат. Со богато, кремаво полнење и со нежнокрцкава обвивка, тие сигурно ќе ги импресионираат сите завршетоци на сетилата за вкус со кои ќе се најдат во допир.

Состојки

за црвенокадифесто сунѓересто тесто:

  • 2 јајца
  • 110 мл матеница
  • 60 мл масло
  • 1 лажичка бел оцет
  • 80 гр путер
  • 200 гр брашно
  • 200 гр шеќер
  • ½ лажичка сол
  • ½ лажичка сода бикарбона
  • 1 лажица темно какао во прав

за полнење со крем:

  • 50 гр путер
  • 200 гр крем-сирење
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 250 гр бело чоколадо

Метод

Во поголем сад додадете 2 јајца, 110 мл матеница, 60 мл масло и 1 лажичка бел оцет. Се меша со рачен миксер. Истурете во сместа 80 гр растопен путер и додадете црвена прехранбена боја. Мешајте додека сите состојки убаво не се изедначат. Во посебен сад измешајте 200 гр брашно, 200 гр шеќер, ½ лажичка сол, ½ лажичка сода бикарбона и 1 лажица темно какао во прав. Измешајте ги сувите состојки со влажните состојки. Истурете го тестото во намрсена тава за печење со димензии 20 x 20 cm. Печете го колачот 20-25 минути на 170°C, со рамномерно горе/долу загревање. Изладете ја тортата и издробете ја во голем сад. Истурете 50 гр растопен путер. Додадете 200 гр крем-сирење и 2 лажици шеќер во прав. Мешајте додека оваа смеса убаво не се соедини. Извадете 1 лажица од смесата и обликувајте ја во форма на топче. Секое топче потопете го во стопено бело чоколадо и исцедете го. Извадете го стапчето со кое го потопувавте топчето и декорирајте по желба.

Сподели:

Можеби би сакале да прочитате