Индукциски плочи: митови и факти

Gorenje induction hob

Во споредба со другите методи на готвење, индукциската технологија е релативно нова. Можеби ова е причината поради која има многу митови и заблуди околу индукциските плочи, а најголемата е дека тие се небезбедни. Еве ги најчестите митови кои треба да се разбијат.

Кратко објаснување за индукциското готвење

Пред да дојдеме до разбивање на митот, еве кратко објаснување како, всушност, функционира индукциското готвење. Тоа е метод на готвење при што храната се приготвува со искористување на појавата на електромагнетизам. Електромагнетна реакција се јавува само помеѓу горилникот и честичките од железо во садовите за готвење, па затоа, без тенџерето или без тавата, плочата за готвење не создава никаква топлина.

МИТ 1: индукциските плочи се небезбедни

Ова е, можеби, најчестата заблуда, која потекнува од фактот дека индукциските плочи, навистина, емитуваат зрачење со ниска фреквенција. Сепак, голем број научни студии повторно покажаа дека магнетното поле создадено со индукција не претставува никаква опасност за здравјето на корисниците. Напротив, индукциските плочи се сметаат за еден од најбезбедните начини на готвење бидејќи нема ризик од изгореници, нема ризик од согорување, истекување на гас или вдишување гориво. Колку пати сте се вратиле дома со преголема вознемиреност, со загриженост дали сте заборавиле да го исклучите шпоретот на плин? Со индукциските површини за готвење, овој страв може да го фрлите низ прозорецот на кујната, бидејќи тие автоматски се исклучуваат благодарение на нивните паметни сензори.

МИТ 2: Готвењето со индукција е помалку моќно од готвењето на плин и овозможува помала контрола

Неточно. И лажно. Индукцијата дава поголема моќност и брзина со директното загревање на садот и со минимално потрошената енергија, додека со плинот, топлината се троши од страните на садот. Индукциските плочи побрзо реагираат на температурните промени, овозможувајќи ви ефективно да контролирате колку сакате да ви биде топла тавата. Во споредба со готвењето на плин, индукциските плочи обезбедуваат побрзи резултати и поголема прецизност.

МИТ 3: Мора да потрошите цело богатство на нови тенџериња и тави

Ова беше делумно точно пред многу години, но повеќето садови за готвење на пазарот денес може да се користат и за готвење на индукција. И постои можност дома веќе да имате тенџериња и тави кои се погодни за индукциско готвење – сите садови од леано железо, емајлирано леано железо и повеќето нерѓосувачки садови за готвење имаат магнетен слој на дното. Не сте сигурни дали вашиот сад е соодветен? Обидете се со овој едноставен тест. Ако магнетот што стои на вашиот фрижидер се залепи на дното на вашиот сад за готвење, тоа значи дека садот е пријателски расположен за готвење на индукција.

И додека сме на тема пари, бидејќи индукциските плочи се ефикасни и повеќе ја искористуваат енергијата што ја создаваат, за разлика од плочите на плинс или електричните, нивната употреба резултира со пониски сметки за струја или за плин. Заклучок: нема да мора да потрошите цело богатство, но сигурно ќе заштедите богатство.

МИТ 4: Стаклото на индукциската плоча лесно се крши

Повторно, овој мит му припаѓа на минатото каде што, понекогаш, случајното паѓање на некое тенџере на индукциската плоча резултирало со нејзино кршење. Модерните плочи користат неверојатно цврсто и издржливо калено керамичко стакло кое, исто така, може да издржи екстремно високи температури, па пукањето или искривувањето е уште една работа што треба да ја избришете од вашата листа на грижи.

МИТ 5: Тешко е да се готви на индукциски плочи

Секој почетник на индукциските плочи го доживеал почетниот страв од готвењето со индукција. И ние нема да лажеме – се разбира дека ќе ви треба малку време да го совладате тоа, па која вештина што се стекнува во животот не го прави тоа? Се сеќавате на првите јадења што сте ги направиле на шпорет на плин? Колкупати сте ги изгореле или недоволно ги испековте, обидувајќи се да ја совладате вистинската температура и да го погодите времето за готвење? Верувајте ни, со толку многу интуитивни технологии и карактеристики на модерните индукциски плочи, учењето да готвите на нив ќе биде лесно како прошетка во парк (со корпа полна со деликатеси што сте ги зготвиле на вашата индукциска плоча). Има уште еден проблем за кој треба да се грижите… штом ќе почнете да готвите на индукциските плочи, никогаш веќе нема да сакате да се вратите на поинаков начин на готвење.

Индукциските плочи поминаа долг пат на усовршување. Овие енергетски ефикасни, лесни за чистење и за брзо загревање кујнски помошници продолжуваат да се развиваат до тој степен што речиси играат улога на ваши лични домашни готвачи. Неко индукциски плочи на Gorenje поседуваат функција AutoDetect која автоматски ја открива положбата на садот и се активира во зависност од неговата големина. Со тајмерот 3-во-1, можете да го проверите преостанатото време за готвење директно на ринглата, а функцијата IQboil ја одредеува температурата на вриење, а потоа ја одржува. Значи, која е конечната пресуда за индукциските плочи? Дека е време да ги разоткриеме сите митови поврзани со нив и да почнеме да приготвуваме митолошки оброци!

Индукциска плоча која одговара со вашиот стил на готвење

Без разлика дали подготвувате оброк за себе или готвите за целото семејство, OmniFlex идукциските плочи од Gorenje секој пат даваат вистинско искуство во готвењето. Со огромен број на фино поставени карактеристики кои ја поедноставуваат вашата интеракција со плочата за готвење, подготвувањето оброци никогаш не било поедноставно, поинтуитивно или полесно.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате