Рецепт за приготвување пиперки бабури

Пиперки бабури со Jack o' lantern на неутрална позадина

Годишно време што заплашува и неочекуван пресврт со помош на сетилото за вкус! Пробајте го нашиот рецепт за полнети пиперки бабури, со богат полнеж со вкус во кој се ужива. Совршено за неверојатно пријатна вечера!

Состојки

  • 2 лажици маслиново масло
  • 500 гр мелено мешано месо
  • 1 ½ лажичка сол
  • ½ лажичка црн пипер
  • 1 голема главица кромид
  • 4 чешниња лук
  • 150 гр ситни печурки
  • 1 лажичка оригано
  • ½ лажичка мајчина душица
  • ¼ лажичка ким
  • 1 ½ лажичка црвен пипер
  • ½ лажичка буковец
  • 400 гр доматен сос од конзерва
  • 300 гр варен ориз
  • 6 големи пиперки бабури
  • 120 гр рендано сирење моцарела

Метод

Почнете со загревање на 2 лажици маслиново масло во голема тава. Откако ќе се загрее маслото, вмешајте 500 гр мешано мелено месо и оставете ја смесата да се пржи додека не се создаде кафеава коричка на месото. Како што ќе се заруменува месото, зачинете го со 1 ½ лажичка сол и ½ лажичка црн пипер. Потоа, додајте ја големата главица исечкан кромид во тавата и пржете ја смесата додека кромидот не добие стакленикав лик. Во смесата ставете 150 гр сечкани печурки и 4 чешниња лук, непрекинато мешајќи околу 6-8 минути. Засилете го вкусот со зачинување со 1 лажичка оригано, ½ лажичка мајчина душичка, ¼ лажичка ким, 1 ½ лажичка црвен пипер и ½ лажичка буковец. Истурете 400 мл доматен сос, добро измешајте и оставете да се динста уште 2 минути. Откако сето тоа ќе го направите, смесата од месо измешајте ја со 300 гр варен ориз во посебен сад. За тоа време додека се приготвува смесата, исечете ги рачките на пиперките и оставете ги настрана. Исчистете ги јадрата и семките од пиперките. Додајте нотка на разиграност со алатка за резбање на отворот од секоја пиперка. Секоја издлабена пиперка наполнете ја со смесата од месо и ориз и затворете ги пиперките со зачуваните врвови. Овие полнети пиперки наредете ги во тавче за печење и покријте ги со фолија. Печете ги во рерна загреана на 180°C, на горниот и долниот грејач по 30 минути. По оваа фаза, извадете ја фолијата и врвовите од пиперките, посипувајќи по 20 гр сирење моцарела врз секоја пиперка. Повторно ставете ги во рерната уште 10 минути. Откако сирењето ќе се стопи и малку ќе зарумени, повторно покријте ги пиперките со нивните врвови, и тие се подготвени за сервирање.

Создадете спомени: вградни рерни

Кујната е срцето на домот и нашите вградени рерни се срцето на секоја модерна кујна. Нивната карактеристична HomeMade форма со зголемен волумен од 71 литар им овозможува на вашите јадења секогаш да се печат до совршенство. Опремени со широк избор на функции кои го поедноставуваат готвењето, тие ќе ве инспирираат да се забавувате во кујната со вашите најблиски и да испечете вкусни спомени кога сакате.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате