Рецепт за салата од ротквици и краставици со зачинети индиски ореви
Овој рецепт за салата од ротквици и краставици е совршен кога барате свежо и вкусно јадење со вистинска мешавина на зачини и свежина!
Состојки
За салатата:
- 1 голема краставица
- 200 гр ротквици
- 1 стебленце целер
- 2 лукчиња арпаџик
- 2 ½ лажици маслиново масло
- 1 чешне лук
- 1 лажичка кора од лимон
- ¾ лажичка сол
- ¼ лажичка бибер
- 3 лажици сок од лимон
За зачинети индиски ореви:
- 90 гр индиски ореви
- 1 лажица маслиново масло
- 1 лажица мед
- ½ лажичка гарам масала (индиски зачин)
- ¼ лажичка чили во прав
- ¼ лажичка мелена куркума
- ⅓ лажичка сол
Метод
Во мало тенџере измешајте 90 гр индиски ореви со 1 лажица маслиново масло и 1 лажица мед. Зачинете ја смесата со ½ лажичка индиски зачин гарам масала, ¼ лажичка чили во прав, ¼ лажичка куркума и ¼ лажичка сол. Приготвувајте ги индиските ореви на средна температура, често мешајќи околу 7-8 минути, додека не станат лепливи. Откако тоа ќе го направите, намачкајте ги индиските ореви на хартија за печење, за да се изладат. Во меѓувреме, исечете 1 краставица на тенки парчиња, исечете 200 гр ротквици на мали парчиња во форма на клинови и ситно исечкајте едно стебленце целер. Исечкајте ги двете лукчиња арпаџик и ставете го целиот зеленчук во една голема чинија. Во посебен мал сад измешајте 2 ½ лажици маслиново масло, едно рендано чешне лук и 1 лажичка кора од лимон, со ¾ лажичка сол, ¼ лажичка бибер и 3 лажици сок од лимон; измешајте ги сите состојки убаво да се соединат. Овој прелив прелијте го врз зеленчукот и сето тоа темелно измешајте го за да се соедини. Префрлете ја салатата во една голема чинија за сервирање и прелијте ја со зачинетите индиски ореви, подготвени за сервирање.