International | Magyarország | Hrvatska | Россия | Северна Македонија | Danmark | Suomi | Norge | Sverige

Рецепт за артичока карбонара

Artichoke carbonara

Препуштете му се на кремавиот пресврт на класиката со нашиот рецепт за сос од артичока (артичока карбонара), совршен за мрзливите неделни вечери, кога ви треба нешто брзо и лесно за јадење. Со секој залак ќе го вкусите совршениот спој на солената пршута крудона растителна база, богат со жолчка од јајце и нежна срцевина од артичока. Ова е толку добар рецепт што нема да сакате да го делите со никого!

Состојки

  • 200 гр тестенини нудли
  • 2 лажици маслиново масло
  • 160 гр срцевина од артичока, конзервирана и исцедена
  • 60 гр пршута крудо на растителна база
  • 3 жолчки од јајца
  • 20 гр италијанско сирење пекорино (pecorino romano)
  • црн пипер

Метод

Едно големо тенџере наполнето со солена вода се остава да зоврие и варете ги тестенините според упатството на пакувањето до фаза ал денте. Во меѓувреме, загрејте 2 лажици маслиново масло во една голема тава. Додадете 160 гр сечкани артичоки и 60 гр пршута крудо на растителна база, а потоа измешајте го сето тоа и пржете го 3 минути. Во помал сад изматете ги трите жолчки и 20 гр рендано сирење пекорино романо. Исцедете ги тестенините и зачувајте ја водата за готвење, а потоа додадете ги тестенините во тавата со артичока и измешајте. Намалете ја топлината на тивко и истурете ги жолчките врз тестенините. Потоа, енергично промешајте и додадете 50-70 мл од зачуваната вода во која се вареле тестенините. Мешајте додека сосот не стане мазен и кремав. Откако ќе ставите од тестенините на една чинија, не заборавајте да ги потурите со црн пипер и дополнително, со сирење пекорино романо.

Индукциска плоча која одговара со вашиот стил на готвење

Без разлика дали подготвувате оброк за себе или готвите за целото семејство, OmniFlex идукциските плочи од Gorenje секој пат даваат вистинско искуство во готвењето. Со огромен број на фино поставени карактеристики кои ја поедноставуваат вашата интеракција со плочата за готвење, подготвувањето оброци никогаш не било поедноставно, поинтуитивно или полесно.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате