Печена закуска од наут
Одлична, заситувачка и во исто време здрава закуска! Едноставно подгответе ја здравата закуска од наут која е полна со влакна, цинк, фолна киселина и протеини. Може да ги користите сите зачини што ги сакате. Можностите се бесконечни.
Состојки
- 400 g наут (варен и исушен / од конзерва веќе варен)
- 2 лажици маслиново масло
- 1/2 лажиче чили во прав или ½ лажиче лук во прав или 1/2 лажиче кари во прав
Метод
Загрејте ја рерната на 180°C. Измешајте ги наутот, маслиновото масло и зачините и ставете ја смесата на садот за печење обложен со хартија за печење. Печете 40 минути. На секои 10 минути извадете го садот и добро протресете го пред да го вратите во рерната. Сите рерни се различни, па внимавајте да не загори. Закуската ќе биде златно-кафена и крцкава во внатрешноста, а не влажна.