Утрински залчиња: блини со урда и лосос

Plated blinis with cottage cheese and salmon

Почнете го слободниот ден со пријатен вкус од вашиот рецепт за приготвување блини прелиени со масна домашна урда и збогатени со лосос. Тие се одличен избор кога сакате да го наполните стомакот, без одложено чувство на мачнина по консумирањето.

Состојки

Состојки за блините:

  • 85 гр брашно
  • ¾ лажичка сол
  • ¼ лажичка црн пипер
  • 1 прстофат морско оревче
  • 1 жолчка од јајце
  • 1 јајце
  • 150 мл млеко
  • 120 гр пире од компири
  • 30 гр крем-сирење
  • масло

Состојки за прелив:

  • 150 гр домашна урда
  • 100 гр чаден лосос
  • црвен кавијар

Метод

Почнете со ставање на 85 гр брашно во една чинија со средна големина, а потоа додадете ¾ лажичка сол, ¼ лажичка црн пипер и прстофат морско оревче. Во смесата ставете 1 жолчка и 1 цело јајце. Потоа, истурете 150 мл млеко, изматете додека смесата не постигне мазна конзистентност. Во смесата додадете 120 гр топло пире од компири и 30 гр крем-сирење, и мешајте сè додека не се постигне целосно соединување. Оставете го тестото да одмори најмалку 30 минути. Кога тестото ќе биде подготвено за печење, ставете 1 лажица од тестото во топла и подмачкана тава со масло, печете го дури не порумени на дното, пред да ја превртите палачинката за да се испече и од другата страна и продолжете со другите блини. Збогатете ја секоја блина, така што одозгора ќе ја гарнирате со урда, а потоа, пред сервирање, украсете со чаден лосос и со црвен кавијар.

Дополнителна свежина, дополнителни витамини: NatureFresh вградни комбинирани фрижидери

Кога станува збор за производството на свежа храна, полна со вкус и богата со хранлива вредност, отсекогаш најдоброто можело да се научи од природата. Затоа новите NatureFresh вградни комбинирани фрижидери од Gorenje ги имитираат природните услови со тоа што го одржуваат процесот на фотосинтеза, го контролираат нивото на влажност и обезбедуваат свеж воздух. Освен тоа, вградните NatureFresh комбинирани фрижидери од Gorenje, имаат високоенергетски рејтинг кој се движи од A+ до A+++, а нивниот модуларен и флексибилниот дизајн осигурува дека тие совршено ќе одговараат на секој животен стил.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате