Совршен пролетен рецепт – палента со печен аспарагус

Палента со печен аспарагус

Пролетта пристигна, а исто така, и една од најраните пролетни култури – аспарагусот. Овие нежни стебленца претставуваат една намирница во која можете да уживате на најразновиден начин, консумирајќи ја во сурова, варена или печена форма, самостојно, или совршено вклопувајќи ја во голем број јадења, почнувајќи од супи, па до јадења подготвени со тестенини, како и во разни салати. Денес, предлагаме рецепт со аспарагус како главно јадење кое ќе ги задоволи вашите вкусови. 🤤

Краток вовед – дали знаете?

  • Аспарагусот е нискокалоричен, но, сепак, претставува одличен извор на хранливи материи, вклучувајќи влакна, фолна киселина, железо, калиум, калциум, протеини, антиоксиданси и витамините А, Ц, Е и К.
  • Има долга листа на здравствени и нутритивни придобивки. Може да помогне при намалување на тежината, намалување на крвниот притисок, спречување на инфекции на уринарниот тракт, унапредување на репродуктивното здравје и за подобрување на нашето расположение.
  • Корените на палентата како намирница ги наоѓаме во италијанската селска кујна. Се прави со мелење на пченката во брашно и има малку сладникав вкус. Во минатото, таа била позната како „јадење на сиромашните луѓе“, бидејќи заситувала, а приготвувањето било евтино. Денес, сè уште често се јаде послужена во голема чинија или на дрвена табла, за да можат гостите крај трпезата самите да се послужат.
  • Палентата не содржи глутен и претставува добар извор на антиоксиданси.

Состојки

  • 300 гр аспарагус
  • 2 чешниња лук
  • 3 лажици маслиново масло
  • 30 гр презла
  • 30 гр сечкани лешници
  • ⅓ лажичка сол
  • ¼ лажичка бибер
  • 500 мл супа од зеленчук
  • 120 гр бела инстант-палента
  • 100 мл хопла
  • 30 гр рендано пекорино (овчо) сирење

Метод

Вклучете ја рерната да се загрева на 200°C и наместете ја на печење со грил. Распоредете 300 гр аспарагус на плехот за печење, намачкајте ги парчињата со маслиново масло и измешајте. Зачинете ги со сол и печете ги 10 минути на ниво 2. Исклучете ја рерната и чувајте го аспарагусот да биде топол. Загрејте 3 лажици маслиново масло во тава. Додадете 2 мелени чешниња лук. Додадете 30 гр презла и 30 г сечкани лешници. Зачинете со ⅓ лажичка сол и ¼ лажичка пипер. Промешајте ја смесата и варете ја додека трошките не станат златно кафеави и крцкави. Во едно тенџере истурете 500 мл супа од зеленчук и оставете ја да зоврие. Промешајте 120 гр бела палента и варете ја една минута. Вмешајте 100 мл хопла. Промешајте и варете уште една минута. Тргнете го од оган и измешајте 30 гр рендано пекорино (овчо) сирење. На чинија сервирајте од кремкавата палента, прелијте ја со печен аспарагус и полејте ја со трошки од лешници. Уживајте!

Создадете спомени: вградни рерни

Кујната е срцето на домот и нашите вградени рерни се срцето на секоја модерна кујна. Нивната карактеристична HomeMade форма со зголемен волумен од 71 литар им овозможува на вашите јадења секогаш да се печат до совршенство. Опремени со широк избор на функции кои го поедноставуваат готвењето, тие ќе ве инспирираат да се забавувате во кујната со вашите најблиски и да испечете вкусни спомени кога сакате.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате