Вегански чоколаден тарт од фстаци
Ако треба да ја прикажете пролетта како десерт, овој вегански чоколаден тарт од фстаци би го претставувал токму тоа! Вкусната комбинација од чоколадо и свежи бобинки ќе ги натера вашите пријатели дегустатори на вкусови секогаш да посакуваат повеќе.
Состојки
Состојки за обвивката на тартот:
- 200 гр Орео-колачиња во вид на школки
- 100 гр печени солени фстаци
- 70 гр кокосово масло
Состојки за чоколадното полнење:
- 300 мл конзервирано кокосово млеко
- 1 лажичка инстант-кафе
- 170 гр веганско темно чоколадо 60%
Метод
100 гр печени солени фстаци ставете ги во процесорот за храна. Миксирајте додека грубо не се исечкаат, а потоа додадете 200 гр орео-колачиња во вид на школки. Истурете во мешавината 70 g кокосово масло и сите состојки измешајте ги додека не се соединат. Смесата за обвивката префрлете ја во тава за тарт (35х11 см). Смесата за кората притиснете ја на дното и нагоре по страните. Ставете го тестото во замрзнувач 20 минути. Во тенџере истурете 300 мл конзервирано кокосово млеко. Се меша со 1 лажичка инстант-кафе. Оставете ја оваа смеса да зоврие. Додадете 170 гр темно чоколадо на парчиња. Мешајте додека сето не се соедини во мазен чоколаден крем. Истурете го чоколадниот крем во изладената тава. Тартот чувајте го во фрижидер најмалку 4 часа. Украсете со сечкани фстаци и со свежи бобинки.