Намалете го отпадокот од храна

Close up cropped image of cutting board and couple cutting vegetables in the kitchen together, preparing food meal at home. Vegetarian healthy food

Отпадокот од храната претставува огромен проблем, како од аспект на потрошувачот така и од еколошка перспектива. Некои пресметки се, всушност, мошне застрашувачки, наведувајќи дека една третина од целата храна произведена на глобално ниво се троши залудно. Прочитајте го ова повторно. Една. Третина. Фрлањето на храната не само што значи трошење пари (можеби дури и една третина од вашиот приход) туку дополнително ги оптоварува природните ресурси кои се користат за производство на храна и придонесуваат за климатските промени, бидејќи фрлената храна доспева на депониите каде што се претвора во јаглерод диоксид.

Намалување на отпадот од храна со 2Ф

Ако сакаме да бидеме дел од решението, има многу работи што можеме да ги направиме за да го намалиме, повторно употребиме и да го рециклираме отпадот од храната. Тргнувајќи од тоа што нема да купуваме повеќе толку колку што ни треба до изминување на рокот за чување на одредена храна, преку штедење и собирање семиња, до компостирање и многу повеќе. Секое од овие решенија за третирање на отпадоците од храната заслужува своја статија (или уште подобро, брошура), но денес ќе се фокусираме само на моќната комбинација 2Ф (F&F) – фрижидерот и замрзнувачот може да играат значајна улога во намалувањето на количината од остатоците од храна. Прочитајте како можете да го намалите отпадот со нивно користење.

Ладилник

1. Чувајте го уреден

Верувале или не, уредноста на фрижидерот е важна кога станува збор за намалувањето на отпадокот од храна, главно, затоа што одредени делови од фрижидерот се посоодветни за одредени групи храна.

  • Горната полица е обично најтоплиот дел од фрижидерот. Таму ви препорачуваме да чувате одреден вид храна како сосови, сирење и јогурт.
  • Под горната полица, чувајте ги остатоците и вареното месо во затворени садови. Оваа полица е најдобра и за млеко. Иако повеќето луѓе го чуваат млекото во решетката на вратата од фрижидерот, ова не е најдобрата локација за тоа, бидејќи воздухот таму станува малку потопол секогаш кога ќе ја отворите вратата.
  • Чувајте ја храната што не се расипува лесно на вратата, бидејќи ова е обично најтоплиот дел од фрижидерот. Тоа е добро место за чување јајца, овошни сокови и зачини.
  • Чувајте ја храната што лесно се расипува, како месото и рибата, на пониските и постудените полици.
  • И конечно, чувајте го вашето овошје и зеленчукот во долните фиоки. Ќе бидат посвежи и покрцкави.

Овие лесни организациски вештини, споени со напреднатата технологија, практично може да го одложат времето отпадокот од храната да стаса во кантата за отпад. NoFrost самостојните фрижидери од Gorenje имаа функција IonAir и функција MultiFlow 360° кои создаваат идеална микроклима на секоја полица и ја одржуваат храната свежа подолго време.

2. Следете го правилото ПВПН (FIFO)

ПВПН (FIFO) се залага за „прв внатре – прв надвор“. Новокупените производи секогаш ставајте ги во задниот дел од фрижидерот и преместете ги старите на предната страна. Бидејќи ставањето нова храна напред ги зголемува шансите постарите намирници да бидат занемарени и да завршат како отпад. Исто така е корисно да се означува храната со датумот на купување.

3. Чувајте ја храната во проѕирни садови

Кога ќе видите што има во садовите, помала е веројатноста да запоставите некое вкусно јадење пред тоа да се расипе. Користете садови со иста големина за да избегнете залудно трупање во просторот, а исто така имајте на ум дека квадратните и правоаголните садови се подобри од тркалезните, бидејќи подобро се собираат.

Замрзнувач

1. Спречете ја појавата на изгореници кај храната, предизвикани од замрзнувачот

Изгорениците на храната од замрзнувачот се случуваат кога замрзнатата храна ја губи влагата и завршува посува, поцврста или обезбоена. Покрај промената на нејзината текстура, на вкусот и бојата, многу намирници со изгореници од замрзнувачот се, исто така, небезбедни за јадење, што, погодувате, повторно води до фрлање на храната. За да спречите појава на изгореници од замрзнувачот кај храната, треба правилно да ја спакувате храната. Прво, завиткајте го месото, или морската храна, во хартија или во пластични ќесиња, а потоа во фолија и во ќесе за замрзнување, за да се отстрани што повеќе воздух. Овошјето и зеленчукот спакувајте ги во садови.

2. Контролирајте ги порциите замрзната храна

Подготовката за замрзнување е најважна. Чувајте ги вашите порции храна во реални количини. Ако има четири члена во вашето семејство, не замрзнувајте количини на чорба или на лазањи што може да опслужат осуммина. Откако ќе се одмрзне, храната обично не може повторно да се замрзне, па затоа пакувајте помали порции за да ја избегнете можноста за фрлање на храната.

3. Гответе и замрзнувајте во партии

Со тоа што ќе планирате циклично готвење и замрзнување на храна во вашиот замрзнувач, помала е веројатноста да јадете импулсивно (и, веројатно, ќе трошите уште повеќе храна) и ќе бидете охрабрени прво да го јадете она што веќе го имате дома. И со замрзнувачот на Gorenje, може да бидете сигурни дека спакуваната храна, исто така, ќе ги зачува сите свои минерали и квалитетот. Се одликува со функцијата FastFreeze која е идеална за замрзнување големи количини храна. FastFreeze прво ја замрзнува храната на околу –24 °C, а потоа функцијата автоматски се исклучува.

4. Бидете креативни

Вашите банани стануваат кафени и не сте расположени да правите леб од банана. Исечкајтее ги, замрзнете ги и употребете ги за смути кога ќе се чувствувате расположени за тоа. Вашиот зеленчук почнува да венее и немате желба од него да направите салата. Без грижа. Замрзнете го и користете го во иднина кога ќе сакате да им го засилите вкусот на супите или на чорбите. Измешајте го вишокот на билки со маслиново масло и со сечкан лук, ставете ја смесата во калапи за мраз и користете ги за подобрување на вкусот на сите видови јадења.

Со само малку планирање и со квалитетен 2 Ф – фрижидер и фризер (замрзнувач) – секое домаќинство може да направи голема разлика во напорите да се спречи фрлањето на храната и трошењето пари. Со промените во начинот на купување, во готвењето и консумирањето на храната подеднакво, ќе создадете уште поголеми позитивни промени за да им помогнете на вашиот паричник и на мајката природа.

Ви треба свежина? Нема проблем

IonGeneration комбинираните фрижидери од Gorenje се дизајнирани за максимална свежина. Нивната IonAir со MultiFlow 360˚ технологија континуирано го освежува воздухот за симулирање на природната микроклима и обезбедува совршени услови за складирање. Со паметните, практични функции за оние што ги употребуваат, тие лесно се приспособуваат на вашиот животен стил. Без разлика колку често ја отворате вратата на ладилникот, AdaptTech ја одржува оптималната температура и ја одржува вашата храна во совршена форма, додека системот за ладење NoFrost Plus спречува акумулација на мраз и го елиминира одмрзнувањето. Сега, исто така, достапен со вградената скриена рачка.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате