Крем супа од тиквички и кокосово млеко

Zucchini and coconut soup

Оваа супа се служи додека е топла, но исто така, во топлите денови, можете да уживате во неа кога е разладена.

Состојки

  • 3 тиквички
  • 3 чаши супа од зеленчук
  • 1/3 чаша кокосово млеко
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажица свежи листови од нане
  • Маслиново масло, сол, бибер

Метод

Ситно исечкајте ги чешнињата лук и изрендајте ги тиквичките. Загрејте го маслиновото масло во голем сад, на средна температура, додадете ги ренданите тиквички и сечканото свежо нане. Гответе 4 или 5 минути, додека тиквичките не почнат да омекнуваат. Зачинете ги со сол и со свежо мелен црн бибер. Додадете 3 чаши супа од зеленчук, нека почне да врие, а потоа намалете ја температурата на средно ниска и нека се готви 10 минути.

Тргнете ја супата од ринглата и оставете да се излади околу 10 минути. Измиксирајте ја супата со рачен блендер, сѐ додека супата не ја добие својата мазна текстура. Промешајте со 1/3 чаша кокосово млеко, загрејте ја и зачинете по вкус, со сол и црн бибер.

Индукциска плоча која одговара со вашиот стил на готвење

Без разлика дали подготвувате оброк за себе или готвите за целото семејство, OmniFlex идукциските плочи од Gorenje секој пат даваат вистинско искуство во готвењето. Со огромен број на фино поставени карактеристики кои ја поедноставуваат вашата интеракција со плочата за готвење, подготвувањето оброци никогаш не било поедноставно, поинтуитивно или полесно.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате