Отворен сендвич со салата од јајца
Ако сте подготвиле малку повеќе велигденски јајца, ви даваме идеи за тоа како да ги користите и да подготвите вкусен лесен оброк.
Состојки
- Тост лебче со семиња
- 6 тврдо варени јајца
- Крем сирење
- Грчки јогурт
- Изрендано чедар сирење
- Спанаќ
Зачини
- бибер
- сол
- магдонос
Метод
Ситно исечкајте ги тврдо варените јајца. Додадете ги крем сирењето, грчкиот јогурт, сецканиот магдонос, солта и биберот. Измешајте добро и додадете го ренданото чедар сирење. Испечете го лебот, ставете свеж спанаќ и додадете ја салатата од јајца врз него.