Рецепт за таљатели со рикота со лимон и со млад кромид

Pasta with lemony ricotta and pistachio crumbs on plate.

Подгответе го овој рецепт за таљатели со рикота со лимон и со млад кромид, кога ќе сакате да ги зачините вашите вечери. 🤩 Полни со вкус и со текстура, тие претставуваат совршен спој на кремкавост и крцкавост.

Состојки

Состојки за прелив од трошки:

  • 30 гр путер
  • 2 чешниња лук
  • 50 гр панко-трошки
  • 3 лажици сечкани ф’стаци
  • ⅓ лажичка црн пипер
  • ⅓ лажичка сол

Состојки за рикота-тестенини со лимон:

  • 320 гр тестенини
  • 30 гр путер
  • 250 гр рикота
  • 150-180 мл вода од тестенините
  • ½ лажица сол
  • ½ лажичка црн пипер
  • кора од 1 лимон
  • свежо оригано

Метод

Во едно тавче со средна големина растопете 30 гр путер, па додадете ги двете исечкани чешниња лук, 50 гр панко-презла и 3 лажици сечкани ф’стаци. Мешајте и гответе додека лебните трошки не станат крцкави и златно кафеави. Зачинете со ⅓ лажичка сол и ⅓ лажичка бибер, добро измешајте и тргнете го садот од оган. Варете 320 гр тестенини во тенџере со посолена зовриена вода до ал денте. Во поголемо тавче изматете 30 гр путер и додадете ги сварените тестенини директно од тенџерето. Додадете 250 гр рикота и 2 лажички вода од тестенините, добро измешајте за да добиете кремкав сос. Зачинете со ½ лажичка сол, ½ лажичка црн пипер и кора од 1 лимон. Послужете ги тестенините веднаш, прелиени со трошките од ф’стаци и свежо оригано.

Индукциска плоча која одговара со вашиот стил на готвење

Без разлика дали подготвувате оброк за себе или готвите за целото семејство, OmniFlex идукциските плочи од Gorenje секој пат даваат вистинско искуство во готвењето. Со огромен број на фино поставени карактеристики кои ја поедноставуваат вашата интеракција со плочата за готвење, подготвувањето оброци никогаш не било поедноставно, поинтуитивно или полесно.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате