Омлет со сланина
Никогаш не било поедноставно да се направи омлет. Со класичните состојки за подготовка, како што се сланината и кашкавалот, овој оброк кој се подготвува во само еден сад и се пече во рерна ќе го разбуди вашето сетило за вкус уште во раните утрински часови, но одличен е и за доцен појадок или за брзо подготвена вечера. Ви препорачуваме да го послужите со салата како додаток.
Состојки
- 2 јајца
- 1 прстофат сол
- 1 прстофат бибер
- 3 парчиња пушена сланина
- 20 gr рендан кашкавал
Метод
Изматете ги јајцата и зачинете ги со сол и бибер. Исечете ја сланината на мали парчиња и додадете ги јајцата. Додадете рендан кашкавал. Додадете ги изматените јајца во тава за печење.
Ако сте горд сопственик на комбинирана рерна на пареа од Gorenje, само вклучете ја автоматската програма за омлет или вклучете ја програмата за пареа 15 минути на 100°C. Ако имате стандардна рерна, загрејте ја на 200°C и печете 20 минути или додека не се надуе и зарумени омлетот. Послужете, уживајте и заблагодарете ни се подоцна.