Зошто домашно одгледуваното овошје и зеленчук е најдобро

Дали некогаш сте пробале домашен домат и сте забележале дека тој е многу повкусен од оние што обично би ги купиле во продавницата? Многу луѓе ја прават оваа разлика, но само малкумина од нив имаат храброст и подготвеност да почнат да одгледуваат сопствени производи. Имајќи го тоа на ум, собравме некои од најубедливите причини зошто треба да одлучите да јадете храна одгледувана во сопствениот двор или кај локален земјоделец.

1. Пократок пат до вашата маса. Складирањето на храната подразбира дека почнувајќи од берењето на плодовите од гранка, може да поминат денови, па дури и недели, до моментот кога таа ќе стигне во вашиот дом, губејќи ги скапоцените хранливи материи по пат.

2. Подобар вкус, подобра свежина. Врвниот вкус на домашните овошни плодови и зеленчукот е поврзан со нивната свежина. Одгледувањето сопствена храна, исто така, ви дава целосна контрола врз користењето (ако е потребно) на пестициди и ѓубрива.

3. Добро е и за вас и за вашата околина. Градинарството не е само добра надворешна физичка активност, туку исто така ќе има позитивно влијание врз животната средина, бидејќи не се користи гориво за превоз на стоката од производителот до потрошувачот.

4. Кога градинарството не е можно. Ако не можете да имате сопствена градина или да патувате секојдневно до вашиот локален земјоделец, технологијата може да понуди решение. Побарајте фрижидер со интелигентни функции кои ги имитираат природните услови колку што е тоа можно повеќе. На пример, комбинираните фрижидери од Gorenje имаат посебна VitaLight технологија, што овозможува продолжување на процесот на зреење и гарантира дека ќе остане свежо како да доаѓа директно од градината.

Дополнителна свежина, дополнителни витамини: NatureFresh вградни комбинирани фрижидери

Кога станува збор за производството на свежа храна, полна со вкус и богата со хранлива вредност, отсекогаш најдоброто можело да се научи од природата. Затоа новите NatureFresh вградни комбинирани фрижидери од Gorenje ги имитираат природните услови со тоа што го одржуваат процесот на фотосинтеза, го контролираат нивото на влажност и обезбедуваат свеж воздух. Освен тоа, вградните NatureFresh комбинирани фрижидери од Gorenje, имаат високоенергетски рејтинг кој се движи од A+ до A+++, а нивниот модуларен и флексибилниот дизајн осигурува дека тие совршено ќе одговараат на секој животен стил.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате