International | Slovenija | Россия | Северна Македонија

Намаз од авокадо за 5 минути

Јануари, совршен месец за да почнете да работите на вашите одлуки во новата година. И да, тоа важи и за вашите навики во исхраната. Декември беше тежок, сите тие забави, прекрасната храна и пијалаци. Сега е време да се направи малку детоксикација! За да направиме преодот од месецот на крајно прејадување до здрав почеток на годината, предлагаме здрав и вкусен намаз од авокадо, што се подготвува за само 5 минути!

Состојки

  • Грчки јогурт
  • Зрело авокадо, без семка и излупено
  • ½ лажичка мед, или по вкус
  • 1 до 2 лажички сок од зелен лимон или по вкус
  • ¼ чаша сечкан свеж босилек
  • 1 чешне лук, сечкано
  • 1 лажица маслиново масло
  • Прстофат морска сол, или по вкус

Метод

Соединете ги сите состојки во блендерот. Блендирајте додека смесата не се изедначи или по ваша желба. Зачинете по вкус. Послужете го со парчиња краставици или со други зеленчуци, лебни стапчиња или тортиља чипс.

Добро урамнотежената исхрана со повремени закуски не е страшно. Особено ако ова значи подготвување на нешто здраво, како што е нашиот 5-минутен намаз од авокадо. Значи, грицките подалеку од вас и почнете да ги исполнувате вашите новогодишни ветувања!

Дополнителна свежина, дополнителни витамини: NatureFresh вградни комбинирани фрижидери

Кога станува збор за производството на свежа храна, полна со вкус и богата со хранлива вредност, отсекогаш најдоброто можело да се научи од природата. Затоа новите NatureFresh вградни комбинирани фрижидери од Gorenje ги имитираат природните услови со тоа што го одржуваат процесот на фотосинтеза, го контролираат нивото на влажност и обезбедуваат свеж воздух. Освен тоа, вградните NatureFresh комбинирани фрижидери од Gorenje, имаат високоенергетски рејтинг кој се движи од A+ до A+++, а нивниот модуларен и флексибилниот дизајн осигурува дека тие совршено ќе одговараат на секој животен стил.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате