International | Slovenija | Россия | Bosna i Hercegovina | România | Северна Македонија | Danmark | Suomi | Norge | Sverige

Едноставни смути и сладоледи

Милкшејк од малини

  • 2 филџани сок од брусница
  • 175 g малини (свежи или замрзнати)
  • 1 филџан млеко (или бадемово млеко)
  • 1 филџан јогурт
  • 1 лажица кафеав шеќер или стевиа *

Ставете ги сите состојки во блендер и добро измешајте. Кога ќе завршите, послужете го шејкот во чаша. Украсете го со свежи малини или со листови од нане и уживајте!

* Стевиата е засладувач и замена за шеќер, извлечена од лисјата на растението Stevia rebaudiana. Таа содржи стевиозиди, кои имаат незначителен ефект врз гликозата во крвта, што ја прави стевиата привлечна за луѓето кои сакаат да ја намалат телесната тежина. Вкусот на стевиата на почетокот побавно се перципира и подолготраен е од оној на шеќерот, а некои од нејзините екстракти по консумирањето може да имаат горчлив вкус или сладок вкус при високи концентрации.

Simple smoothies and ice creams

Смути од ананас

  • 1 ½ филџани парчиња од ананас (свежи или замрзнати)
  • ½ филџан кокосово млеко или екстракт од кокос
  • 1 портокал

Истиснете го сокот од портокалот и ставете ги сите состојки во блендер. Ако користите свеж ананас, може да ставите 3 коцки мраз на врвот од мешавината (по желба). Блендирајте 30 секунди и уживајте!

Смути од боровинки со семе од чиа

  • 1 ½ филџани бадемово млеко
  • 1 филџан боровинки (свежи или замрзнати)
  • 2 лажици семе од чиа *
  • 1 лажица кокосов путер или кокосово масло
  • 1 лажица мед

Дополнително: Прстофат цимет

Ставете го чиа семето во филџан или во тегла, додадете ½ филџан бадемово млеко и темелно измешајте за да се соединат состојките. Оставете ја смесата да отстои 10 минути или оставете ја во фрижидер во текот на ноќта.

Префрлете ја смесата во блендер. Додадете ги другите состојки и блендирајте додека не се изедначат, додавајќи мед по вкус. Украсете со свежи боровинки и уживајте!

* Чиа семето е меѓу најздравата храна на планетата. Со овие мали семиња може да постигнете важни придобивки за вашето тело и за мозокот. Тие имаат висока хранлива вредност со многу малку калории, со висококвалитетни протеини, антиоксиданти, влакна и омега-3 масни киселини. Чиа семето помага да ослабете и дури да подобрите одредени маркери во крвта, а големи подобрувања може да предизвика кај дијабетичарите од тип 2.

Едноставен сладолед од ананас

  • 2 филџани замрзнати парчиња од ананас
  • Јаворов сируп
  • Прстофат сол

Ќе бидете изненадени од овој сладок и кремаст домашен сладолед, кој во исто време е и вегански и безглутенски. За да го подготвите овој навистина едноставен рецепт, само измешајте ги во блендерот замрзнатите парчиња ананас, додадете неколку лажици јаворов сируп (според ваш вкус) и малку сол. Уживајте!

Simple smoothies and ice creams

Сок од шумско овошје

  • 1 филџан јагоди (свежи или замрзнати)
  • ½ филџан малини (свежи или замрзнати)
  • 1 филџан сок од портокал

Дополнително: 2 лажички мед или јаворов сируп

Измешајте ги шумските плодови во блендерот, додавајќи сок од портокал додека не ја добиете саканата конзистентност. Засладете со мед или со јаворов сируп и уживајте во сокот во високи чаши.

Simple smoothies and ice creams

Смути од јагоди и гоџи бобинки

  • 2 лажици сушени гоџи бобинки*
  • 1 филџан јагоди (свежи или замрзнати)
  • 2 филџани бадемово млеко или млеко со ниска масленост

По избор: 2 лажички мед или мраз

Во мал длабок сад се мешаат гоџи бобинки со 1 лажица вода. Оставете да отстои 15 минути, додека зрната не омекнат. Во блендерот додадете гоџи бобинки, јагоди, мед, бадемово млеко и мраз и блендирајте додека смесата не се изедначи. Украсете го пијалакот со листови од нане и уживајте!

* Гоџи бобинките, исто така, наречени волфбери, претставуваат светлопортокалово-црвени шумски плодови кои се раѓаат од грмушка што потекнува од Кина. Во Азија, луѓето го јаделе плодот од гоџи со генерации во надеж дека ќе имаат подолг живот, обидувајќи се да лекуваат многу познати здравствени проблеми како што се дијабетесот, високиот крвен притисок, треската и проблемите со видот поврзани со староста. Гоџи бобинките може да се јадат свежи, варени или сушени (како суво грозје), а се користат во билни чаеви, сокови, вина и лекови.

Сладолед од малини

  • 1 филџан замрзнати малини
  • 1 банана
  • 1 филџан грчки јогурт

Измешајте ги сите состојки и уживајте во вкусен сладолед без адитиви или додадени засладувачи!

Смути од целер

  • 2 портокали
  • 2 стебленца од целер
  • 1 банана
  • 1 парче ѓумбир* со големина на палец

* Ѓумбирот е еден од најздравите зачини во светот со долга историја на употреба за медицински цели. Тој е ефикасен во борбата против гадење, особено кај утринска мачнина, може да ги намали шеќерите во крвта и нивото на холестерол и може да го третира хроничното лошо варење. Неговите антиинфламаторни својства, исто така, може да помогнат да се намали болката во мускулите по вежбањето и дури да помогне кај остеоартритисот.

Излупете ги корените од целер и ѓумбир, потоа пресечете ги на помали парчиња. Истискајте го сокот од портокал и ставете ги сите состојки во блендер. Откако сè ќе ставите во блендерот, ставете 3 коцки мраз на врвот од смесата (по желба). Блендирајте додека сѐ не се измати и уживајте!

Simple smoothies and ice creams

Смути од банана и ѓумбир

  • 1 банана
  • ¾ од филџан обичен јогурт
  • 2 лажици мед
  • 1 парче ѓумбир со големина на палец

Излупете ги бананата и ѓумбирот, потоа пресечете ги на помали парчиња. Откако сѐ ќе се подготви и стави во блендерот, може да ставите 3 коцки мраз на врвот од мешавината (по желба). Ставете ги сите состојки во блендерот и блендирајте ги 30 секунди.

Simple smoothies and ice creams

Смути од папаја

  • 1 папаја
  • 1 филџан обичен јогурт
  • 1 филџан со парчиња од ананас (свежи или замрзнати)
  • 2 лажици кокосово млеко или екстракт од кокос

Излупете ја папајата и отстранете го семето, а потоа исечете ги кришките ананас на многу мали парчиња. Ставете ги сите состојки во блендер и блендирајте додека сѐ не се измати. Уживајте!

Смути од краставица

  • ½ краставица
  • 2 стебленца од целер
  • 1 јаболко Грени Смит
  • 1 парче ѓумбир со големина на палецот
  • 1 лимета

Излупете ги краставицата, корените од целер, јаболкото и ѓумбирот, а потоа исечете ги на помали парчиња. Истиснете го сокот од лиметата и ставете ги сите состојки во блендер, а потоа блендирајте сѐ додека не се изедначат. По желба, може да додадете 3 коцки мраз на врвот од мешавината.

Ви треба свежина? Нема проблем

IonGeneration комбинираните фрижидери од Gorenje се дизајнирани за максимална свежина. Нивната IonAir со MultiFlow 360˚ технологија континуирано го освежува воздухот за симулирање на природната микроклима и обезбедува совршени услови за складирање. Со паметните, практични функции за оние што ги употребуваат, тие лесно се приспособуваат на вашиот животен стил. Без разлика колку често ја отворате вратата на ладилникот, AdaptTech ја одржува оптималната температура и ја одржува вашата храна во совршена форма, додека системот за ладење NoFrost Plus спречува акумулација на мраз и го елиминира одмрзнувањето. Сега, исто така, достапен со вградената скриена рачка.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате