Едноставен сос од брокула
![](https://lifesimplified.gorenje.com/wp-content/uploads/2018/10/gorenje-life-simplified-blog-food-simple-broccoli-sauce-1040x585.jpg)
Едноставен сос од брокула
Состојки
- 1 голема брокула, разделена на цветови
- 4 лажици маслиново масло
- 3 чешниња лук, сечкани
- 1/2 филџан свежо рендан пармезан (по желба)
- Сол и бибер (по желба)
Метод
Во голема, тешка тава, загрејте го маслиновото масло на средна температура до пред вриење. Додадете лук и гответе додека не почне да мириса, околу 1 минута, а потоа додадете ја брокулата и добро потопете ја во маслото, готвејќи додека целосно омекне (1-2 минути).
Додадете ги тестенините во тавата со брокула и добро измешајте ги додека не се покријат со сосот. Додадете половина од пармезанот (по желба) и додавајте малку по малку од водата во која се вареле тестенините, сé додека не се создаде сос што се нафаќа на тестенините. Зачинете со сол и бибер. Послужете веднаш со остатокот пармезан.
Добар апетит!