Česká republika | Slovenská republika | Srbija | Северна Македонија

За добра хигиена, запомнете!

Не заборавајте да ги миете рацете. Не заборавајте да го измиете ножот. Не заборавајте да ја исперете кујнската крпа; исто како децата – не им дозволувајте да останат валкани со денови. Добрата лична хигиена и добрата кујнска хигиена се од суштинско значење, кога работите со храна.

Како да се обезбеди добра лична хигиена? Измијте си ги рацете.

Можеби изгледа банално, но ние ќе ја повториме оваа детска лекција уште еднаш, бидејќи чистите раце се алфа и омега за добра лична кујнска хигиена. Па затоа не заборавајте да ги миете рацете. И сетете се на рацете на вашите деца, особено ако тие си играле со мачето или со кучето. Семејните миленици може да имаат сопствени миленичиња – и тоа може да биде опасно.

Како да ги задржите бактериите да не се населат на вашата даска за сечкање? Избегнувајте гребнатини и пукнатини.

Изберете плоча за сечење направена од дрво. Дрвото се регенерира самото од себе (ако е редовно добро подмачкано), па така гребнатините на површината повторно се затвораат. Дрвото, исто така, содржи природни убијци на бактерии кои ги уништуваат сите бактерии заробени во внатрешноста на обновената даска.

Бидете сигурни дека вашите гости повторно ќе сакаат да дојдат на суши: Сечете со чисти ножеви.

Ако вашиот прибор се користел за сирово месо и потоа се користи за зеленчук, зеленчукот ќе се контаминира со бактерии од месото. Резултатот може да биде стомачна болка – или многу, многу полошо.

Јајцата не би требало да бидат извор на салмонела. Не ги потопувајте во вода, туку варете ги до вриење.

Потопувањето на јајцето на неколку секунди во врела вода не ги убива бактериите кои, како по правило, се наоѓаат на лушпата. Лушпата е порозна и притисокот ги турка бактериите потопени во врелата вода во внатрешноста на јајцето. Иако белката од јајцето содржи антибактериски агенси, тие не гарантираат уништување на салмонелата. Вриењето е она што тоа го прави.

Како избегнувате ширење на бактериите со вашата четка или сунѓерче за миење садови? Ставете ја на вриење.

Повеќето луѓе ја фрлаат четката или сунѓерот за миење садови, кога тој станува премногу нечист. Но тоа не е потребно ако не сакате вашата четка или сунѓер да ги шири бактериите од еден кујнски прибор до друг. Само фрлете го во машината за миење садови следниот пат кога ќе миете. Тоа ќе го исчисти сунѓерот од сите бактерии. Или може да ја исплакнете четката или сунѓерот со врела вода. Создадете си навика редовно да ја исплакнете четката, на пример со со водата што останала од варењето на компирите.

Создадете спомени: вградни рерни

Кујната е срцето на домот и нашите вградени рерни се срцето на секоја модерна кујна. Нивната карактеристична HomeMade форма со зголемен волумен од 71 литар им овозможува на вашите јадења секогаш да се печат до совршенство. Опремени со широк избор на функции кои го поедноставуваат готвењето, тие ќе ве инспирираат да се забавувате во кујната со вашите најблиски и да испечете вкусни спомени кога сакате.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате