International | Slovenija | Magyarország | Россия | Österreich | Северна Македонија

Едноставни трикови за беспрекорно измиени садови и за добро одржувана машина за миење садови

Gorenje dishwasher in neutral kitchen.

Машината за миење садови може да го олесни чистењето на кујната, но има неколку трикови за да бидете сигурни дека таа најдобро ќе работи. Со извесна едноставна подготовка и со редовно одржување, садовите може да се одржуваат беспрекорно чисти и машината да работи непречено.

Подготовка на садовите за да бидат совршено измиени

Доведувањето на вашите садови до блескотна чистотија почнува долго време пред вашата машината за миење садови да се втурне во акција. И покрај тоа што модерните машини за миење садови се моќни, една мала подготовка помага да бидеме сигурни дека секое полнење на машината ќе заврши со беспрекорна чистотија.

Паметно сортирање за подобри резултати: За да бидете сигурни дека вашата машина за миење садови работи најдобро, организирајте ги садовите според материјалот и големината, ставајќи ги потешките садови, како на пример, тенџерињата и тавите, одзади, додека нежните садови, како на пример, чашите и помалите чинии, на горната корпа. Ваквиот распоред спречува големите садови да ги блокираат млазовите од вода и овозможува сите садови да добиваат подеднакво внимание за време на циклусот на миење.

Поставување на приборот за јадење за беспрекорна завршница: Важен е начинот на кој го распоредувате приборот за јадење, затоа што треба да избегнувате натрупување на лажиците, вилушките и ножевите едни до други заради постигнување беспрекорни резултати при чистењето. Поставете ги вилушките, ножевите и лажиците, со рачките кон дното и проверете дали се наредени за да овозможуваат оптимален проток на вода. Ако вашата машина за миење садови има трета корпа за прибор за јадење, користете ја оваа корпа за да го ослободите просторот и да ја подобрите севкупната ефикасност на чистењето.

Извлечете го максимумот од вашата машина за миење садови

Правилно користената машина за миење садови може да ви заштеди многу време и напор, но фрустрирачки е кога миењето на садовите завршува со тврдокорни дамки на нив. За среќа, лесно е да се постигнат подобри резултати со неколку мали промени на навиките, па можете да ги избегнете тие досадни моменти на разочарување.

Избор на вистинската програма за завршување на работата: Лесно е да се притисне истото копче за одредена програма по навика, но не сите полнежи од садови во машината се секогаш исти. Вашата машина за миење садови најверојатно има неколку различни поставки, од кои секоја е дизајнирана да одговара на специфични потреби. На пример, ако вечеравте и садовите се покриени со маснотии, потешкиот циклус за миење ќе биде и вашиот најдобар пријател. Од друга страна, ако пристапите кон брзо полнење на машината со помалку користени чаши и чинии, пократкиот или т.н. еколошки циклус, каква што е автоматската програма (AutoProgram), ќе ви заштеди вода и енергија без да се жртвува чистотата.

Не користете премногу детергент: Не користете комбинирани таблети за машина за миење садови за пократки програми, бидејќи ваквите таблети може да не се растворат целосно, со оглед на тоа дека се дизајнирани за подолги, потемелни циклуси на перење. Во текот на пократките циклуси, нема доволно време детергентот во фолијата целосно да се излее и да се раствори, што може да доведе до задржување на остатоци од прашокот на садовите или пак перката да не работи ефикасно. При подолги циклуси, од друга страна, може да се потпрете на функцијата за паметно дозирање (SmartDosing) на вашата машина за миење садови – едноставно истурете го детергентот во посебниот сад за таа намена и машината за миење садови автоматски ќе ја ослободи вистинската количина на детергент, во зависност од програмата што сте ја избрале.

Не заборавајте да додадете средство за плакнење: Ако вашите стаклени садови ги вадите од машината за миење садови со линии или со дамки, проблемот може да биде едноставен, како на пример, недостаток на средство за плакнење. Овој мал додаток помага водата полесно да се лизга по вашите садови, така што тие, на крајот, остануваат блескави и без линии. Овој чекор е лесно да се занемари, но со негово практикување се постигнува забележлива разлика, особено ако живеете во област со тврда вода.

Значењето на температурата е поважно отколку што мислите: Дали некогаш сте се запрашале зошто одредени видови храна – како јајца или овесни снегулки – се толку тешки за отстранување? Одговорот може да се најде во температурата. Топлата вода прави чуда за мрсните или за масните дамки, додека поладната вода е подобра за остатоци од протеини кои, всушност, може да се залепат поцврсто кога се изложени на топлина. Со разбирање на овие мали нијанси, може да го приспособите секој полнеж на садови во машината за да добиете подобри резултати без да користите прекумерна енергија или груби хемикалии.

Одржување на вашата машина за миење садови заради врвни перформанси

Склони сме да заборавиме дека дури и на најтешките апарати им треба малку грижа за да работат непречено, а вашата машина за миење садови не е исклучок. Нејзиното редовно одржување не само што придонесува за одржување на нејзините најдобри перформанси туку спречува малите проблеми да се претворат во поголеми, поскапи проблеми што го скратуваат нејзиниот животен век.

Редовно чистете ги филтрите: Филтерот е првата линија на одбрана на вашата машина за миење садови од остатоците од храна и нечистотија. Со текот на времето, блокирањата може да ја намалат ефикасноста на вашата машина за миење садови, бидејќи понекогаш во нив се заглавуваат поголеми парчиња храна, што претставува одлична можност да ја испробате програмата за самочистење (SelfCleaning) на вашата машина за миење садови.

Обрнете им малку внимание на перките за прскање: Тие моќни млазови вода што ги чистат вашите садови доаѓаат од перките за прскање, кои со текот на времето може да се затнат со честички од храна. Ако вашите садови не се чисти како порано кога ги вадите од машината, причина за тоа може да бидат перките за прскање кои не функционираат со полн капацитет. Едноставно, одвртете ги, добро исплакнете ги и притоа користете чепкалка за заби или мала четка за да ги исчистите сите блокирани дупки.

Исчистете ги затворачите: Затворачите на машината за миење садови, особено околу вратата, со текот на времето може да соберат маснотии и остатоци од храна, што може да доведе до појава на непријатни мириси. Редовно бришете го затворачот на вратата со влажна крпа и благ детергент за да го одржувате во добра состојба.

Следејќи ги овие практични совети, може да уживате во постојано чисти садови и да ја одржувате вашата машина за миење садови во врвна форма. Малку дополнителна грижа помага да се спречи појавата на проблеми и да бидете сигурни дека вашиот апарат ќе работи ефикасно во текот на годините што доаѓаат. Одвојте време да ги примените овие едноставни стратегии и ќе откриете дека миењето садови претставува сигурна и лесна задача.

Квалификувани да ја завршат вашата работа.

Новите машини за миење садови од Gorenje се инспирирани од модерниот начин на живот. Доволно флексибилни за да се справат со која било задача, тие беа создадени имајќи ја предвид динамиката на секојдневниот живот. Целосно се прилагодува на секоја ваша потреба, нудејќи ви различни функции и целосно прилагодлив и приспособлив ентериер. Изобилството на функции ќе ви даде време да уживате во поважните работи во животот. Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате