Вода или мраз во фрижидерот: еве што значи тоа

Таложењето на вода или мраз во фрижидерот никогаш не е добар знак. Еве како можете да го поправите или да го избегнете тоа.

Дали некогаш сте се прашале зошто мразот се акумулира во фрижидерот или зошто од него истекува вода? Овие работи, секако, не се дел од нормалното работење и ќе треба да им посветите одредено внимание, па дури и да повикате сервисер. Ајде прво да провериме што можете вие да направите во врска со тоа.

Осигурете се дека вратата на фрижидерот е добро затворена

Ако вратата не е правилно затворена, фрижидерот се загрева и започнува кондензација. Оттука, водата почнува да се акумулира и може да се создадат водени капки што потоа се претвора во истекување. Затоа, проверете дали вратата е правилно затворена и нема каква било пречка. Првото нешто што треба да се провери е дали вратата добро затвора. Ако е лабава, веројатно станува збор за дефект на гуменото затворање на вратата. Имајте на ум дека, според упатствата за употреба на повеќето производители, гумените затворачи на вратите треба да се чистат редовно, најмалку еднаш на секои шест месеци.

Добро, нешто сте заборавиле? – се случува. Како може лесно да проверите дали гуменото затворање сè уште функционира? Исклучете го апаратот околу две минути и отворете ја вратата. Вклучете го приклучокот повторно во штекерот и затворете ја вратата на фрижидерот. Потоа поминете со прстите по гумениот дел од затворањето на вратата. Ако почувствувате дека воздухот влече навнатре, тоа значи дека гумениот дел од затворањето на вратата веќе не лепи добро и ќе треба да се замени. По можност од сервисер.

Проверете дали го оставивте вклучен режимот за годишен одмор

Ако сте ја вклучиле функцијата за режим за годишен одмор во текот на вашето подолго отсуство, таа ќе го одржува фрижидерот на повисоки температури што може да доведе до кондензација и до формирање на капки вода. Проверете дали се вклучени функциите за годишен одмор или какви било функции за заштеда на енергија и исклучете ги.

Одделете ја храната за да ја подобрите вентилацијата

Фрижидерот исто така треба да дише. Ова значи создавање доволно простор внатре за да се овозможи соодветен проток на воздух. Наредете ја храната во фрижидерот така што да има доволно простор меѓу производите. Ниту еден производ од храната не смее да го допира задниот ѕид на ладилникот, бидејќи тоа негативно влијае на протокот на воздухот надолу и може да доведе до акумулација на мраз на дното. Исто така, проверете и осигурете се дека отворите за вентилација на ладилникот и на замрзнувачот не се блокирани.

Има дупка во мојот фрижидер!

Да, има. И тоа со добра причина. Таа се нарекува одвод при одмрзнување. Честичките од храната или други предмети лесно се заглавуваат во одводот. Ако се насоберат вакви остатоци, одводот може да се затне и водата почнува да истекува. Ако мислите дека одводот е затнат, исклучете го напојувањето и почекајте мразот во фрижидерот да се истопи.

Исто така, добра идеја е периодично да се чисти одводот за да се одмрзнат сите остатоци. Иако чистењето со топла вода може најмногу да придонесе за затнатите одводи во бањата, голема грешка е тоа да се примени кај чистењето на фрижидерот. Никогаш не истурајте топла вода директно во одводот за одмрзнување или во внатрешноста на фрижидерот, бидејќи тоа може да предизвика проблеми во внатрешноста на фрижидерот. Наместо тоа, користете тенок стап, кај многу фрижидери вклучен е во опремата – проверете кои делови ви биле испорачани со вашата набавка.

Не ставајте топли работи во фрижидерот

Ова изгледа доволно логично. Во секое упатство за употреба јасно е наведено да не се става топла или штотуку сварена храна директно во фрижидерот, бидејќи може да се зголеми влажноста во замрзнувачот и да се создаде мраз. Затоа, едноставно почекајте да се излади храната пред да ја ставите во фрижидер.

Дали вашиот фрижидер е поставен на рамна површина?

На крај, но не и најмалку важно, една од причините за појава на проблем може да биде и нерамната површина на која е поставен фрижидерот. Во таков случај, неговата врата може да не се затвора како што треба. Веројатно го знаете другиот дел од приказната: топлиот воздух влегува во комората, ладилникот се обидува да ја надвладее прекумерната топлина и работи премногу напорно за да ја замрзне храната. Во овој случај, како и во случај на истекување, лентата за затнување и дренажната дупка не можат да се изборат со невообичаеното количество вода, па се случуваат внатрешни и надворешни „поплави“.

Ви треба свежина? Нема проблем

IonGeneration комбинираните фрижидери од Gorenje се дизајнирани за максимална свежина. Нивната IonAir со MultiFlow 360˚ технологија континуирано го освежува воздухот за симулирање на природната микроклима и обезбедува совршени услови за складирање. Со паметните, практични функции за оние што ги употребуваат, тие лесно се приспособуваат на вашиот животен стил. Без разлика колку често ја отворате вратата на ладилникот, AdaptTech ја одржува оптималната температура и ја одржува вашата храна во совршена форма, додека системот за ладење NoFrost Plus спречува акумулација на мраз и го елиминира одмрзнувањето. Сега, исто така, достапен со вградената скриена рачка.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате