International | Slovenija | Magyarország | Россия | Bosna i Hercegovina | România | Северна Македонија | Danmark

Топ 5 совети како да останете хидрирани ова лето

Количината на вода во телото на еден возрасен човек изнесува околу 57%. Водата е потребна за правилно функционирање на телесните клетки, регулирање на температурата на телото, отстранување на непотребните материи и за неколку други витални функции на телото. Тешката дехидратација може да доведе до сериозни компликации, како што се бубрежните и уринарните проблеми или оштетувања при зголемена температура, што може дури да биде и опасно по живот, а тука наведовме само неколку. Затоа, од суштинско значење е да ги одржуваме нашите тела хидрирани во жешките летни месеци.

1. Пијте доволно вода: Најчестиот совет е да пиете осум чаши вода дневно. Сепак, препорачаниот внес на вода по лице, всушност зависи од возраста, секојдневните активности, надворешната температура и други фактори, па можеби ќе ви треба повеќе од осум чаши. Ако не ви се допаѓа вкусот на обичната вода, додадете парче лимон или лист од нане и уживајте во вкусот на летото.

2. Почестете се со филџан топол чај: Може да звучи чудно, но топлите пијалаци може да им помогнат на нашите тела да се потат повеќе, што доведува до подобро испарување, што всушност придонесува вашето тело да се разладува. Ова значи дека тој топол чај може да ви помогне да ја одржите оптималната телесна температура во текот на летото.

3. Додадете ги коцките мраз на вашата листа за пакување: Кога одите на пат, вашите пијалаци можат многу брзо да се загреат. Додадете неколку коцки мраз во вашиот омилен летен пијалак пред да го напуштите вашиот дом за да го задржите посвеж пијалакот подолго време. Или, можете дури и да го ставите целото шише во замрзнувачот половина час.

4. Збогатите ја вашата летна исхрана со овошје и зеленчук: Изберете храна со голема содржина на вода. Почестете се со огромно парче лубеница, свежо исцеден сок или вкусна салата од краставици и домати. Алтернативни врвни производи се: јагоди, малини, ананас, целер, пиперки и спанаќ.

5. Вежбајте рано наутро или во вечерните часови: Заборавете го трчањето во текот на топлиот летен ден. Подобро е да останете во сенка, да се дружите со прекрасна книга или со вашите најблиски. Оставете го вежбањето за најстудениот дел од денот. Ќе видите дека утринското изгрејсонце или вечерниот ветрец може им додаде шарм на вашите спортски активности.

Ви треба свежина? Нема проблем

IonGeneration комбинираните фрижидери од Gorenje се дизајнирани за максимална свежина. Нивната IonAir со MultiFlow 360˚ технологија континуирано го освежува воздухот за симулирање на природната микроклима и обезбедува совршени услови за складирање. Со паметните, практични функции за оние што ги употребуваат, тие лесно се приспособуваат на вашиот животен стил. Без разлика колку често ја отворате вратата на ладилникот, AdaptTech ја одржува оптималната температура и ја одржува вашата храна во совршена форма, додека системот за ладење NoFrost Plus спречува акумулација на мраз и го елиминира одмрзнувањето. Сега, исто така, достапен со вградената скриена рачка.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате