International | Slovenija | Hrvatska | Srbija | Россия | Österreich | Северна Македонија | Danmark | Suomi | Norge | Sverige

Кујна со нула-отпадоци? Да, тоа е возможно!

Одржливиот начин на живот бара одредено приспособување и упорност, но дефинитивно се исплаќа. Вашето здравје, околината и паричникот ќе ви бидат благодарни. Па, за што се работи кога станува збор за кујна со нула отпад?

Животот без отпад е сè попопуларен принцип, што претставува јасно отстапување од потрошувачкиот начин на живот и ја истакнува одговорноста за животната средина. Во кујната сè започнува со намалување на пластичниот отпад и завршува со помалку фрлање на храната. Со оглед на тоа што Европејците сè уште фрлаат, во просек, околу 70 килограми храна годишно по лице, крајно време е да станеме посвесни и да направиме нешто добро за себе и за Планетата.

Започнете со малку, но бидете одлучни. Се разбира, не може сè да се искористи во кујната, а некои работи сепак може да се најдат во корпата за отпадоци, но со добро планирање ќе можете да потрошите многу помалку отколку што сте очекувале. И тоа ќе направи да се чувствувате одлично.

1. Започнете со пазарување по план

Првото правило за готвење со нула-отпад е: размислете како можете целосно да ја искористите состојката. И само тогаш заминете на пазар да ги купите производите што ви недостасуваат. Исто така, во овој процес помага ако ги знаете вашите навики на јадење, бидејќи тоа ќе го олесни составувањето список за купување храна што вашето семејство навистина ќе ја јаде. Погледнете внимателно околу и во шкафовите и во фрижидерот: Што јадете веднаш? Што ви останува? Запомнете: треба редовно да го проверувате рокот на траење на храната и храната со најкраток рок на траење да ја ставате во првиот ред на шкафот или на фрижидерот. Фокусирајте се и испланирајте неделно мени, а исто така, изберете ден кога само ќе готвите и ден кога ќе јадете само преостаната храна.

predpriprava hrane

2. Не е сѐ отпадок

Размислете – што е тоа што обично завршува во вашата корпа за отпадоци? Во просек, луѓето најмногу фрлаат овошје и зеленчук. Но, не секое парче овошје или зеленчук што изгледа малку исушено треба да заврши во ѓубрето. Изблендирајте ги овие производи во некој пијалак, дехидрирајте ги и направете суво овошје или варете ги и направете џем или компот.

Друг пример за заштеда на најчесто потрошлива храна е лебот. Застоениот леб можеби не изгледа како храна за избор, но ќе бидете изненадени. Има многу можности да се искористи лебот што останува како: пудинг од леб, лебни соленки или риболита, супа од италијански леб.

3. Не можете нешто да искористите? Замрзнете го!

Ако во одреден момент не можете да ги користите остатоците или немате време да ги подготвите, едноставно замрзнете ги. Едноставно, ставајте ги сите остатоци од зеленчук во замрзнувачот секој ден и по некое време ќе имате доволно да приготвите зеленчукова чорба или супа. Можете, исто така, да сечкате и да замрзнувате остатоци од билки во масло или во вода пред да станат неупотребливи.

Тука е корисна технологијата FastFreeze (брзо замрзнување). Таа ќе ви помогне да ја замрзнете храната брзо и ефикасно и може да се користи при големи набавки (купување на големо, распродажба на храна, итн.). Исто така, таа е погодна кога готвите однапред или сакате да ги зачувате приготвените јадења за подоцна.

4. Идеи за љубителите на зеленчукот

Дали ги фрлате лушпите од компири? Лушпата на компирот има најмногу хранливи материи и, ако ги пржите, добивате крцкава алтернатива на пржениот компир. Лушпите од морков и од другиот коренест зеленчук, исто така, заслужуваат да го заземат своето место на менито: варете ги, фино изгмечете ги, додадете леќа и малку брашно – и ќе добиете инвентивен зеленчуков бургер. Преобразете ги стебленцата од брокула или од карфиол во чипс од зеленчук, така што ќе ги изрендате и ќе ги печете во рерна. Дали ви останува парче келераба или тиквички? Исечкајте ги и завиткајте ги во тортилја.

Цвеклото може да се користи целосно, вклучувајќи ги и зелените делови, кои добро поминуваат во различни смутија. Повеќето луѓе го отфрлаат и зелениот дел од карфиолот што може да се јаде. Како што стојат работите со повеќето лушпи и остатоци од зеленчук, ваквиот „отпад“ може да се собере и да се приготви во чорба или како зеленчукова супа. Алтернативно, можете да ги исушите остатоците од зеленчук и да ги мешате во зеленчуков прав со кој можете да ги зачините супите.

Ако сакате да јадете повеќе зеленчук, би било добро да размислите за готвење на пареа. Готвењето на пареа не само што е еден од најздравите методи за готвење туку пареата осигурува храната да биде нежна, сочна, похранлива и повкусна. Одличниот вкус значи дека се јаде повеќе зеленчук и дека се создава помалку отпад. Рерните на пареа се, исто така, совршени за одмрзнување, бидејќи топлата пареа рамномерно ја опкружува храната без да создава изгореници.

zelenjavna osnova

5. Изненади се себеси

Што велите за создавање нова навика? Еднаш неделно подгответе си оброк за изненадување. Исчистете ги шкафовите од сите остатоци – ќе бидете изненадени од сè што ќе најдете таму – и подгответе оброк од нив.

Исто како и редењето садови во машината за миење садови, еден поглед кон празната корпа за отпад може да предизвика широка насмевка на вашето лице. Ова е вашата кујна со нула отпад.

Ви треба свежина? Нема проблем

IonGeneration комбинираните фрижидери од Gorenje се дизајнирани за максимална свежина. Нивната IonAir со MultiFlow 360˚ технологија континуирано го освежува воздухот за симулирање на природната микроклима и обезбедува совршени услови за складирање. Со паметните, практични функции за оние што ги употребуваат, тие лесно се приспособуваат на вашиот животен стил. Без разлика колку често ја отворате вратата на ладилникот, AdaptTech ја одржува оптималната температура и ја одржува вашата храна во совршена форма, додека системот за ладење NoFrost Plus спречува акумулација на мраз и го елиминира одмрзнувањето. Сега, исто така, достапен со вградената скриена рачка.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате