Домашен чипс од сладок компир
Следниот викенд, кога ќе се подготвувате да гледате филм во вечерните часови, пробајте го овој чипс! Едноставен за правење, вкусен и без калории.
Состојки
- 2 големи слатки компири
- 2 лажици стопено кокосово масло
- 2 лажички сушен рузмарин или други ароматични зачини
- 1 лажиче чиста морска сол
Метод
Загрејте ја рерната на 200°С. Излупете ги слатките компири и изрежете ги мошне тенко (рачно или со машина за сечење). Во голема длабока чинија, потурете ги слатките компири со кокосово масло, рузмарин (или со друг зачин што го претпочитате) и со сол.
Наредете ги парчињата чипс од сладок компир во еден ред во садот за печење покриен со хартија за печење. Печете 10 минути, потоа свртете ги парчиња и печете уште 10 минути. Во последните 10 минути, внимателно погледнувајте го чипсот и извлечете ги сите парчиња кои стануваат кафени, сѐ додека сите парчиња не се испечат.
Совет: Колку потенко ќе го исечете слаткиот компир, толку покрцкав ќе биде чипсот.