Велигден – време за стари и нови обичаи

Среќно семејство фарба јајца за Велигден.

За многу луѓе низ светот, Велигден е нивниот омилен празник од различни причини. Пред сè, се слави Воскресението на Исус, но станува збор и за празник и прослава на пролетта и на новите почетоци; празник и славење на семејството и на пријателите; на традицијата и на вредностите; и на врските што ги негуваме. Сепак, прославувањето на Велигден се разликува од земја до земја, па ако имате намера да воспоставите некои нови велигденски обичаи со вашето семејство или со пријателите оваа година, еве неколку идеи.

Велигденски традиционални обичаи низ светот

Да се знае како луѓето во другите земји го слават Велигден, претставува добар начин да почувствувате поврзаност со други култури и одличен начин да додадете нови обичаи кон вашето велигденско прославување. Па, што друго ќе пробате оваа година, освен палењето велигденски оган, фарбањето јајца и јадењето чоколадо онолку колку што може вашиот стомак да издржи? Еве неколку интересни прослави од целиот свет кои ќе ве инспирираат.

Во Шведска децата се облекуваат како велигденски вештерки носејќи шарена облека и цртаат пеги на образите. Потоа одат од врата до врата, пеејќи песни со кои ги изгонуваат злите духови, за што во замена добиваат чоколадни јајца – нешто слично на обичаите при прославувањето на Ноќта на вештерките. И додека сме на темата облекување при прославувањето на празниците, во шпанскиот град Вергес, луѓето се облекуваат во костими на кои е нацртан скелет, а потоа парадираат по улиците до раните утрински часови. Во Норвешка, луѓето читаат мистериозни книги и гледаат серии. Во Словачка и Унгарија, момчињата фрлаат кофи вода по девојчињата. Девојките добиваат можност за својата „одмазда“ следниот ден, кога, сега, фрлаат кофи со вода обратно, кон момчињата, или ги прскаат со пиштоли на вода. Легендата вели дека девојката која ќе биде натопена со вода ќе се омажи во рок од една година (еве, совет за вас каде да го однесете вашиот свршеник за празникот, ако не сте сигурни кога тој би бил подготвен да се венча со вас). На грчкиот остров Конфу постои обичај да се фрлаат тенџериња и тави од прозорците и од балконите, за тие да се скршат на улицата. Очигледно, ова симболизира желба за побогати плодови од новите жетви кои ќе се приготвуваат во новите садови. Оваа грчка традиција наклонета кон тенџерињата и тавите го вклучува и обичајот при кој, кога луѓето се среќаваат, се „кршат“ со јајца и велат „Христос воскресна“. Во Германија, обичај е да се украсуваат гранките на дрвјата со бојадисани јајца и да се носат шарени алишта. Во францускиот град Бесиер, волонтери готват огромен омлет од илјадници јајца. Во некои италијански градови, луѓето го слават Велигден со поворки кои вклучуваат парада на „ѓаволи“ и носење дрвени скулптури во природна големина. Како дел од велигденските ритуали на Филипините, некои католици се камшикуваат по грбот со сечила и со бамбусови стапови како форма на обожавање (сепак, не би го препорачале ова за ваша нова семејна традиција). На Бермуди, Велипеток се слави со летање на домашно изработени змејови, а на Хаити, луѓето организираат паради во шарена облека. Ако обожавате чоколадо, не ја посетувајте Папуа Нова Гвинеја на Велигден. Топлото време претставува отежнувачка околност за одржувањето на цврстата состојба на чоколадото, па луѓето ги украсуваат дрвјата и гранките со тутун и со цигари. А ако сте расположени со креативност да го одбележите празникот, може да изработите велигденски шапки како Американците и да ги украсите со цвеќиња, зајаци и со други симболи на пролетта.

friends get-together

Велигденската храна во светот

Велигденското прославување не е единственото нешто што различно се одбележува во светот. Традиционалната храна што се јаде на овој посебен празник исто така е различна. Ако барате идеи покрај приготвувањето јајца и чоколадо и сакате да додадете некој меѓународен зачин во вашето велигденско мени оваа година, можете да пробате печено јагнешко или цуреки леб, и двете јадења се типични за Грција. Или симнел торта украсена со топчиња од марципан што се омилени во Обединетото Кралство или полскиот леб чалка со плетенка. Или живописниот италијански тарт полнет со сирењето рикота и со зашеќерена кора од портокал. Но, што се случува? Сакате да престанеме затоа што веќе сте премногу гладни и подготвени сте да ги истражувате велигденските рецепти на интернет? Сфативме! Само уште една работа пред да почнете… загрејте ја рерната. Таа ќе ви биде потребна за сите рецепти споменати претходно. Нашето велигденско зајаче на Gorenje ја препорачува вградната рерна BSA6737E15X или вградната рерна на пареа BOS6747A01BG со функцијата MultiLevel што овозможува печење на многу јадења одеднаш за да можете да пробате повеќе рецепти наеднаш.

Од земја до земја, култура до култура и од семејство до семејство, Велигден е разновиден празник, а и луѓето разнолико го слават. Вие го правите празникот… затоа прославете го среќни. Среќен Велигден!

Индукциска плоча која одговара со вашиот стил на готвење

Без разлика дали подготвувате оброк за себе или готвите за целото семејство, OmniFlex идукциските плочи од Gorenje секој пат даваат вистинско искуство во готвењето. Со огромен број на фино поставени карактеристики кои ја поедноставуваат вашата интеракција со плочата за готвење, подготвувањето оброци никогаш не било поедноставно, поинтуитивно или полесно.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате