Фрижидерот крева врева? Еве што треба да знаете!
Секогаш кога еден апарат почнува да испушта чудни звуци, тоа можеби нешто ви кажува. Можеби ќе се вознемирите поради тоа, но не кревајте паника и јавете се на овластениот сервис. Посебно кога станува збор за фрижидерите. Во упатството за употреба на фрижидерот, повеќето производители објаснуваат дека некои звуци се совршено нормални и се предизвикани од разликата во температурата помеѓу студената внатрешност на фрижидерот и топлата или загреана надворешна средина.
Ладењето во фрижидерите и замрзнувачите се обезбедува со систем за ладење преку компресор (во некои апарати има и вентилатор) што предизвикува одредена бучава. Нивото на бучавата зависи од инсталацијата, правилната употреба и староста на апаратот. По пуштањето на апаратот во употреба, шумот предизвикан од неговата работа (или протокот на течноста за ладење) може да се одликува со поголема бучава неколку часа. Ова не е знак за дефект и не влијае на рокот на употреба на апаратот.
Бучавата од фрижидерот може привремено да се зголеми како резултат од поголемо количество содржина или оптоварување на системот за ладење, кога вратата често се отвора или се остава отворена подолг временски период, кога се складира поголема количина храна и/или кога е вклучена функцијата за интензивно замрзнување или ладење.
Зуењето е сосема нормално
Нешто што треба да се запамети: сите замрзнувачи произведуваат одреден вид бучава. Обично, тие зујат. Зуењето е нивната препознатлива карактеристика како форма на препознавање, како потпис. Друга карактеристика е гргорењето предизвикано од гасот за ладење што врие во испарувачот, што го претставува начинот на кој фрижидерот лади.
Други чудни звуци може да укажуваат на некаков проблем, особено ако се придружени со други придружни ефекти. Ако забележите дека храната не се лади доволно или дека комората за замрзнување не работи како што треба, тоа бара подетален преглед. Можете сами да поставите основна дијагноза и, можеби, самите да најдете решение за бучниот фрижидер пред да повикате сервис за поправка.
Тогаш, на кои звуци треба да се обрне внимание?
Звукот на шуштење е најверојатно лажен аларм, како и звуците на потпукнување.
Звук на шуштење што се слуша од фрижидерот може да звучи застрашувачки, иако може лесно да се објасни. Во повеќето случаи, се работи само за капењето на водата на грејачот за одмрзнување. Тука нема место за загриженост.
Звуците во вид на пукање и потпукнување може исто така да звучат застрашувачки. Но, тие, исто така, се мошне чести во топла средина и може да се припишат на проширување и на контракција на внатрешните делови бидејќи фрижидерот ја менува температурата, па затоа тоа не бара никаква акција од ваша страна.
Механичките звуци не се нужно знак за дефект.
Поголем број луѓе ги изедначуваат силните или механичките звуци со одредени дефекти на деловите. Бучниот звук што доаѓа од задниот дел на фрижидерот е застрашувачки. Бидејќи тука е сместен „моторот“ на фрижидерот, тој веројатно е поврзан со вентилаторот на кондензаторот или со компресорот. На овие два дела им треба периодично чистење, а тоа брзо ќе го согледате фрлајќи поглед на задниот дел од ладилникот покриен со прав.
Едноставното чистење и бришењето на правот од отпадоците што може да се нафати помеѓу перките на вентилаторот, со помош на мека четка, може да претставува трик со кој ќе си помогнете. Задолжително исклучете го фрижидерот од струја пред да го чистите или кога се обидувате што било да поправате.
Какво е тоа штракање?
Повремени, необични или бучни звуци може да се појават за време на работењето на фрижидерот, и тие да бидат невообичаени за апаратот при што најчесто претставуваат резултат од неправилно инсталирање. Секој фрижидер треба да стои стабилно и цврсто на рамна површина, да не го допира ѕидот или соседниот кујнски елемент. Доколку слушнете некакви тропотливи звуци, проверете дали внатрешната опрема е правилно поставена на соодветното место – можеби конзервите, шишињата или други садови се допираат едни со други предизвикувајќи штракање.
Има птица во мојот фрижидер!
Ако вашиот фрижидер испушта звуци што личат на чкрипење или црцорење, можеби вентилаторот на испарувачот работи неправилно. Бидејќи овој вентилатор обично се наоѓа во задниот дел на замрзнувачот, би било добра идеја да повикате техничар за поправка, ако не се искусни сами да ги поправате електричните уреди. Ако сте искусни и имате доволно познавање, можете да го исклучите фрижидерот од струја, да ги проверите вентилаторот, жиците и сите придружни компоненти, за да детектирате знаци на абење, оштетување или корозија. Овие делови можеби ќе треба да се заменат.
Зуи таа светилка
Не се случува само во страшните филмови скоро сите неонски светилки да испуштаат звуци на зуење. Сосема е вообичаено да слушнете електричен звук на зуење ако светилката во вашиот фрижидер е пред откажување. Проверете со помош на упатството за употреба дали можете сами да ја замените светилката.
Кликање?
Ако неодамна сте го преместиле вашиот фрижидер и тој произведува звук на кликање, ова може да биде знак на прекината врска што предизвикува пречки во работењето комората за замрзнување. Звукот на кликање што доаѓа од комората за замрзнување може, исто така, да значи дека вентилот на доводот за вода е лабав или не е поврзан со водоснабдувањето.
Троп, троп, тропкање на вашиот новчаник
Еден од звуците што посакувате никогаш да не го слушнете од вашиот фрижидер е тропањето кое, најверојатно, е поврзано со откажување на кондензаторот или со моторот на вентилаторот кој со тоа покажува знак дека не работи правилно. Ова укажува на потребата од поправка што може да чини скапо.
Купете (речиси) тивок фрижидер
Доколку не сте љубител на бучни апарати за домаќинство, предлагаме да обрнете внимание на нивото на бучавата со кое ќе работи вашиот нов фрижидер. „Горење“ ви ги нуди едни од најтивките фрижидери на пазарот. Само проверете ја најновата линија на комбинирани фрижидери опремени IonAir технологија и со функција за дување воздух од повеќе позиции (MultiFlow 360). Интензивната циркулација на воздухот доведува до стабилна и рамномерна температура низ внатрешноста на ладилникот. Во споредба со конвенционалните системи, MultiFlow ја лади храната поефикасно, одржувајќи ги свежината, аромата и хранливите материи во овошјето, зеленчукот и месото многу подолго. Во фиоката ZeroZone, оваа технологија осигурува дека температурата секогаш се задржува на околу 0°C.
И, уште нешто што изгледа најдобро во моментов, најновите фрижидери на Горење произведуваат бучава од околу 35 dB кога работат. Ако се гледа перспективно: нежниот шепот соодветствува на 30 dB, а обичниот разговор соодветствува на 60 dB како мерка за бучава. Ако нема бучава, одвај ќе знаете дека фрижидерот работи.