Česká republika | Slovenská republika | Srbija | Северна Македонија

Совети за пазарење: Како да ги одберете најдобрите намирници

Зеленчук

  • Артичока: Подебелите имаат најмногу маса и вкус. Таа треба да биде свежа и зелена во текот на целата година. Да не биде темнокафена или црна на врвот.
  • Модар патлиџан: Треба да биде тежок, во спротивно е премногу стар. Важно е стеблото да биде свежо и зелено.
  • Авокадо: Авокадото може да биде зелено или кафено, сјајно или гранулирано (грубо) без тоа да влијае на неговиот квалитет.
  • Брокула: Да пука од здрав изглед и со зеленило како она на тревата. Брокулата без сјај е како досаден гостин на вечера – не вреди да се покани.
  • Моркови: Морковите со моќна портокалова боја се одликуваат со најдобар квалитет. Најдобро е да се купат многу мали, наместо неколку големи.
  • Карфиол: Барајте таков со свежи лисја. Главичката треба да биде бела или со боја на слонова коска.
  • Краставица: Со сјајна и темно зелена кора. Онаа со бледа боја, мека краставица, не вреди да се купува.
  • Марула: треба да пука од свежина. Иако надворешните лисја може да бидат ситни, не дозволувајте тоа да ве обесхрабри, зашто обично, главичката под нив е цврста и крцкава.
  • Пиперки: Колку е поголем плодот толку е поблага по вкус. Црвените пиперки се најслатки. Ако пиперката е навистина свежа, се избегнуваат солзливоста, гребнатините или дамките. Површината треба да биде сјајна и мазна.

Овошје

  • Смокви: Свежите смокви треба да „солзат“ со мали капки сок што го создава сјајот на кожичката.
  • Грејпфрут: Оние со тенка кожа се најсочни.
  • Киви: Зрелото киви ќе проверите дали е зрело ако нежно го притиснете онаму каде што е рачката. Ако плодот е премногу мек, веројатно е веќе ферментиран.
  • Лимони: округлите лимони се посочни од оние со долгнавест облик. Колку што е лимонот пожолт толку повеќе содржи витамин Ц. Зелените треба да се избегнуваат или да се отстранат. Тие биле додадени со цел да созреат.

Месо

  • Говедско месо: Треба да биде црвено. Не треба да биде кафеаво.
  • Кокошки: Заборавете на месарот, заборавете го супермаркетот, прескокнете го пазарот и фатете го патот до локалниот фармер кој одгледува кокошки. Овие се највкусни.
  • Патка: Изберете женска патка, тие имаат највкусно месо. Маснотиите треба да бидат бели, а не жолти.

Риба

  • За рибите генерално: Мора да има убав свеж мирис на море или на алги. Очите на рибите треба да бидат чисти (и испупчени), а кожата да блеска со крлушки кои цврсто се држат на неа. Кожата треба да биде цврста на допир и да „отскокнува“ кога ќе притиснете со прстите. Проверете дали жабрите се црвени и не се бледи или лигави.
  • Бакалар: Бакаларот најдобро се купува за време на постудените месеци. Месото на бакаларот станува поцврсто во топлите месеци кога се храни најмногу, наспроти зимата и периодите на настапување на пролетта.
  • Плашица: Ако има било какви сомневања за свежината на плашицата, пржете ја. Свежата плашица се собира во садот за пржење.
  • Харинга: Сребреникавост во кожата. Во ред е ако месото на стомакот не е порозно. Избегнувајте долга слаба харинга.
  • Школки: Подгответе ги додека се живи. Можете лесно да го проверите ова, ако ги ставите на кујнската работна површина, каде што тие ќе се отворат ако се живи. Можете нежно да ги потчукнете од работ на мијалникот, ако сѐ уште се сомневате. Ако веднаш се затворат, тие сѐ уште се живи.
  • Чадена харинга: Треба да има униформност во бојата и да не биде сечена за да се спречи темната кафеава кожа да дојде во контакт со месото – тоа прави таа да има вкус на сапун.

Дополнителна свежина, дополнителни витамини: NatureFresh вградни комбинирани фрижидери

Кога станува збор за производството на свежа храна, полна со вкус и богата со хранлива вредност, отсекогаш најдоброто можело да се научи од природата. Затоа новите NatureFresh вградни комбинирани фрижидери од Gorenje ги имитираат природните услови со тоа што го одржуваат процесот на фотосинтеза, го контролираат нивото на влажност и обезбедуваат свеж воздух. Освен тоа, вградните NatureFresh комбинирани фрижидери од Gorenje, имаат високоенергетски рејтинг кој се движи од A+ до A+++, а нивниот модуларен и флексибилниот дизајн осигурува дека тие совршено ќе одговараат на секој животен стил.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате