Please ensure Javascript is enabled for purposes of website accessibility

Рецепт за њоки со костен

A plate of chestnut gnocchi served in a creamy orange sauce, topped with shaved cheese and chopped herbs, styled with autumn elements like chestnuts and small pumpkins.

Некои вечери се предвидени да протекуваат бавно ‒ само добра храна и тивка вечер пред вас. Овој рецепт за њоки од костени го внесува тоа чувство во една таква вечер. Направен со пасирани костени наместо компири, тоа е едноставен, задоволувачки и малку неочекуван рецепт ‒ совршен кога сакате нешто домашно приготвено, но сепак лесно за уживање.

Состојки

  • 200 гр сварени и излупени костени
  • 1 јајце
  • 2 лажици вода
  • ½ лажичка сол
  • ¼ лажичка лук во прав
  • прстофат мускатно оревче
  • 80-100 гр обично (бело) брашно

Метод

Ставете 200 гр костени во процесор за храна и блендирајте додека не добиете мазна смеса. Додадете го јајцето, 2 лажици вода, ½ лажичка сол, ¼ лажичка лук во прав и прстофат мускатно оревче, а потоа мешајте додека не се формира мазна паста. Додека смесата пулсира, постепено додавајте го брашното додека не почне да се формира поцврсто тесто. Префрлете го тестото на лесно набрашнета површина и месете го кратко формирајќи мазна топка и додавајќи малку повеќе брашно ако е премногу лепливо. Поделете го тестото на два дела и секој од нив расукајте го во ролна со дебелина од околу 2 см, а потоа исечете го на парчиња од 2-3 см за да ги формирате њоките. Во еден голем сад сварете солена вода, додадете ги њоките и гответе 5-6 минути или додека не испливаат на површината. Во посебен сад, растопете и запржете 2 лажици путер, потоа додадете ги исцедените њоки и гответе додека не поруменеат и не станат малку крцкави. Сервирајте го јадењето додека е топло, со сос по ваш избор.

Индукциска плоча која одговара со вашиот стил на готвење

Без разлика дали подготвувате оброк за себе или готвите за целото семејство, OmniFlex идукциските плочи од Gorenje секој пат даваат вистинско искуство во готвењето. Со огромен број на фино поставени карактеристики кои ја поедноставуваат вашата интеракција со плочата за готвење, подготвувањето оброци никогаш не било поедноставно, поинтуитивно или полесно.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате