Пене макарони арабиата со модар патлиџан
Оваа зачинета тестенина е совршен избор кога сте притиснати со времето, но сепак сакате да јадете нешто здраво и вкусно.
Состојки
- 300 g пене макарони
- 2 модри патлиџани
- 400 ml сечкани домати
- 3 чешниња лук
- 2 чили пиперки
Метод
Исечете ги модрите патлиџани и бланширајте ги во врела вода 5 минути. Бланширањето ќе ги омекне модрите патлиџани, правејќи ги помеки. Гответе ги пене маконите според упатствата на пакувањето. Исечете ги чили пиперките на тенки парчиња, отфрлете ги семињата за помалку да лутат. Излупете ги и ситно исечкајте ги чешнињата лук. Загрејте ја тавата, додадете 2 лажици маслиново масло. Пржете ги модрите патлиџани и лукот, додадете сол и бибер. Додадете чили пиперки и сечкани домати. Конечно додадете ги варените пене макарони, промешајте и пржете 5 минути.