Општи грешки при перење: Не преполнувајте со прашок.

Без разлика колку е валкана, замирисана и/или извалкана вашата облека или некои други предмети, истурањето голема количина детергент во машината за перење воопшто не е добар избор. Напротив, честопати тоа негативно се одразува.

Тоа што е повеќе, не е секогаш и подобро, иако ова е вообичаен заклучок во едно пазарно ориентирано општество. Кога се има работа со валкани алишта, особено со некои тврдоглави дамки, многумина паѓаат во искушение да користат поголеми количини прашок за перење или детергент за машина за перење, и тоа честопати премногу прашок. Ова е една од најчестите грешки: преоптоварувањето со детергент најверојатно нема да резултира со чиста облека, што би рекле таа „да крцка“ од чистота, туку, всушност, спротивното, ќе завршите со дамкосана облека, со застоена миризба и со друг вид нечистотии што се задржале.

Користењето премногу детергент, всушност, може да создаде повеќе проблеми. Некои од најчестите се дамки или остатоци на облеката, чудни мириси во машината за перење (од заробениот вишок на остатоци) и влажна облека, бидејќи вишокот детергент предизвикува полнежот од алишта што се пере, да не се исцеди правилно. И ова се само проблемите поврзани со алиштата.

Нежно убивање

Преполнувањето со детергент, исто така, го скратува животниот век на машината за перење бидејќи предизвикува зголемено абење на пумпата и на моторот на машината за перење. Пената дејствува како сопирачка за барабанот, бара повеќе енергија при перењето на облеката. Можете да забележите дополнителен напор кај машината за перење кога таа автоматски додава дополнителни плакнења и паузи за да го разложи вишокот на талог. На овој начин, машината за перење не само што троши дополнителна електрична енергија туку и ќе се расипе предвреме.

Земајќи ги предвид бактериите

Чистите алишта веќе имаат многу бактерии, но се чини дека преполнувањето со прашок само ги влошува работите. Многу детергенти имаат ензими кои ги разложуваат протеинските дамки за да им олеснат на средствата за чистење во отстранувањето. Но, присуството на премногу ензими во машината за перење алишта, ќе доведе до повеќе остатоци каде што може да се формираат бактерии и тие да се размножуваат – известувајќи ве дека тие се таму, со мирисите на замирисаност што излегуваат од вашата машина за перење.

Вака можете да перете алишта колку што е можно поекономично и еколошки.

Многу пати дури и ниските температури ќе ја завршат својата работа

Многумина може да постигнат најголема заштеда при перење алишта на пониска температура од вообичаеното. Кога алиштата не се многу валкани, можете да ја намалите температурата на 30˚C наместо да перете на 40˚C или на 60˚C наместо на 90˚C. На овој начин можете да заштедите дури 40% од енергијата, што резултира со помала сметка за електрична енергија. Во зависност од вашиот добавувач на електрична енергија, дополнителни заштеди може да се постигнат со перење алишта кога струјата е поевтина (навечер, ноќе или за време на викендите).

Перење алишта на еколошки начин

Во прилог на фактот дека машините за перење трошат многу енергија и вода, прашоците за перење и омекнувачите не се најеколошки решенија. За да перете поекономично и еколошки, обидете се да ги следите овие совети, кои нема да предизвикаат да настрада чистотата на вашата облека:

  • Перете ја облеката кога е навистина валкана или кога замирисува. Не перете ги маиците или панталоните што сте ги носеле само еден-два часа.
  • Избегнувајте го претперењето бидејќи тоа ќе заштеди вода и електрична енергија. Само вистински валкани алишта имаат потреба од претходно перење, но, исто така, тоа може да се реши со рачно перење на валканите алишта пред да ги ставите во машината за перење.
  • Заменете ја постарата машина за перење со нова која заштедува енергија; една машина за перење, стара дваесет години, во просек користи 2,5-пати повеќе електрична енергија.
  • Исто така е важна и количината на алишта со која ја полните машината за перење: преполнетата машина го спречува ефикасното вртење, додека машината со недоволна количина, троши повеќе вода и енергија за еден килограм алишта.
  • Ако е можно, вклучете ја машината за перење за време на пониската тарифа за електрична енергија.

Дали сакате да одите понапред уште една екстра милја? Користете органски детергенти за перење и омекнувачи за ткаенини (оние што не содржат толку многу состојки добиени од масло) – ако не можете да ги најдете во локалните продавници, можете, исто така, да ги направите сами, дома.

Learn ho to use your washing machine in the best way possilbe - amount of detergent matters

Изберете ја вистинската машина за перење за вашите потреби

Погледнете ги нашите најнови модели на машини за перење од линијата на Горење: Gorenje WaveActive, со посебни карактеристики како што се FastWashing (брзо перење), AntiCrease (против туткање) и EntrySteam (пареа). Создадени се за да го направат перењето подобро и полесно за вас.

Сушењето е исто така важно

Органското перење бара економично сушење на облеката, по можност, на сонце и ветер. Сепак, особено во зимските денови, ова е речиси невозможно. Затоа, следниот пат кога ќе купите машина за перење или машина за сушење, бидете особено внимателни и купете една таква од нискоенергетска класа, најмалку Б или Ц.

Животот е комплициран. Да го направиме одржувањето на алиштата поедноставно.

WaveActive машините за перење користат напредни технологии за супериорни резултати на перење:
  • Уникатно дизајнираниот барабан во комбинација со брановидните 3D ребра ја омекнуваат ткаенината и овозможуваат најнежно перење.
  • IonTech ја користи моќта на природниот процес на јонизација, што овозможува оптимални резултати во перењето, без висока температура и без употреба на дополнителни хемикалии.
  • SteamTech за дополнителен третман со пареа која ги намалува наборите, алергените и бактериите.
Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате