Како да ги одржувате вашите подови чисти со минимален напор

Чистите подови навистина можат да направат разлика, дури и кога вашиот дом не е совршено чист. Одржувањето на совршено чисти подови не мора да ви одзема премногу време со овие едноставни чекори.

Нека калта остане надвор. Ставете чергиче на влезот во вашиот дом или инсистирајте на тоа да не се влегува во чевли за да избегнете калливи и влажни стапалки во домот.

Грижа за домашните миленичиња. Редовното чешлање на вашите миленици значително ќе ја намали длаката на подот или мебелот. Можете исто така да чувате стара крпа покрај влезот, за да ги избришете шепите на вашето домашно милениче, кога ќе се вратите дома од прошетка на дожд.

Рачната правосмукалка е вашиот пријател. Таа ви овозможува веднаш и едноставно да го исчистите малиот хаос , за да не се шири низ остатокот од собата. Исто така, ако вашите деца ги јадат своите оброци на маса, наместо на друго место дома, ќе заштедите време потребно за чистење.

Дополнителен совет: Правосмукалката може да ви помогне да соберете изгубена коцка или изгубена обетка под каучот или на некое друго тешко достапно место. Само ставете стари хулахопки на цревото, фиксирајте ги со ластик и вклучете ја правосмукалката. Хулахопките ќе спречат предметите да се вовлечат во вреќичката или во садот на правосмукалката.

Пријателски расположени за вас, брутални за прашината

Најдобрите правосмукалки од G·Force линијата на Gorenje имаат значително помала потрошувачка на електрична енергија, а воедно имаат и ефикасни и супер тивки перформанси. Правосмукалките кои се едноставни за користење и имаат ергономски дизајн се достапни во категориите: G·Force Lite, G·Force Plus и G·Force Pro. Можете да ги најдете во верзии со вреќичка или со сад во различни комбинации на бои, кои одговараат на сечиј вкус.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате