Готвење со деца

Голем број деца сакаат да готват: тоа значи работа со рацете, хаотично е и дава многу простор за креативност, а да не зборуваме за чувството од добивката на крајот. Тоа е забавно!

Дајте си време
Очекувајте сето тоа да потрае подолго отколку што обично би требало. Затоа издвојте си дополнително време за готвење и имајте на ум, особено за помалите деца, дека патувањето е исто толку забавно колку и дестинацијата!

Планирајте однапред
Изберете соодветен рецепт, оној во којшто децата ќе уживаат и кој вклучува многу задачи соодветни на нивната возраст. Бидете сигурни дека ги имате сите состојки и опрема што ќе стои на располагање. Доколку е потребно, направете некоја претходна подготовкапред да ги замолите да ви се придружат.

Направете „мини постојка за готвење“
Седнете ги крај масата или наспроти вас, подалеку од топлината, за да можете да го мешате јадењето со минимални пречки.

Дајте им на децата столче за поткачување за да имаат подобар поглед и одредете им нивен сопствен простор крај работната површина без стакларија, јајца, месо, риба и остри алатки (вклучувајќи ножеви за лупење и сечила на какви било микромашини!). Ќе се чувствуваат поконтролирани и вклучени. И нека бидат зафатени со безбедни активности за да ги спречите да посегнат по готварскиот нож или по непечената кокошка од досада.

Нека биде хаос
Готвењето е неуредна работа – и кога децата се вклучени, ќе има уште повеќе неред. Контролирајте ја штетата што може да се направи, со ставање пластифициран чаршав за маса на подот или послужавник под нивната работна површина. Но, во крајна линија, сите ќе се забавувате повеќе, ако само се релаксирате, а потоа ако исчистите заедно на крајот. Впуштањето на децата во расчистувањето, ќе го направи искуството пријатно за секого – и тоа ќе ги научи децата на уште една суштинска животна вештина.

Зборувајте – многу!
При готвењето, зборувајте за состојките и за нивното потекло, за процесите и за техниките за готвење. Бидете искрени. Говедското месо е од крава. Свинското месо е од свиња. Јаболката зреат на есен. И не заборавајте на хигиената: осигурајте се дека ги мијат рацете однапред и меѓу допирањето на суровата и на варената храна или онаа подготвената за јадење.

Не се однесувајте со нив како да сте Гордон Ремзи
Вклучете ги децата само онолку колку што сакаат да бидат. Полнењето на равиоли може да биде забавно една минута, но по пет обиди, тоа може да биде малку досадно за малите. И не очекувајте кулинарско совршенство.

Прифатете го фактот дека не сакаат сите деца да готват. Вашите деца иако не готват, може да придонесат во подготовката на оброкот со миењето на производите, со плакнењето на лимените садови, со поставување на масата и со дегустација на секое јадење за да одредите дали му треба дополнително зачинување.

Создадете спомени: вградни рерни

Кујната е срцето на домот и нашите вградени рерни се срцето на секоја модерна кујна. Нивната карактеристична HomeMade форма со зголемен волумен од 71 литар им овозможува на вашите јадења секогаш да се печат до совршенство. Опремени со широк избор на функции кои го поедноставуваат готвењето, тие ќе ве инспирираат да се забавувате во кујната со вашите најблиски и да испечете вкусни спомени кога сакате.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате