International | Slovenija | Polska | Россия | Österreich | România | Северна Македонија | Danmark | Suomi | Norge | Sverige | Latvija | Lietuva | Eesti

Достигнете повисоко ниво на енергетска ефикасност во кујната

За многумина, користењето на електричната енергија се сфаќа како вообичаена работа, но сепак сите ги креваат веѓите кога ќе добијат високи сметки за потрошената електрична енергија. Во изминатите месеци, повеќето од нас работеа и престојуваа во своите домови, што значеше зголемување на износот на потрошувачката на електрична енергија забележано на високите износи на сметките за електрична енергија. Како би било да го свртите ова движење обратно и да го претворите вашето домаќинство во енергетски поефикасно?

Ајде да разјасниме нешто: за да платите помалку, не мора прво да плаќате повеќе. Секако, современите апарати за домаќинство, главно, се поштедливи со нивната потрошувачка на енергија, но исто така можете да бидете сигурни дека постојните апарати трошат помалку. Потребно е само да се преиспитаат некои стари навики. Значи, освен ако вашите сегашни апарати не се од друга деценија, со овие совети би требало да бидете во можност барем малку да ја намалите потрошувачката.

Нашите домови трошат околу една четвртина од целата потрошувачка на електрична енергија на Планетата. Готвење, греење, обезбедување топла вода, употреба на компјутери и гледање телевизија, сето ова се вбројува во неа. Кога се обидувате да ја намалите потрошувачката на енергија, можеби ќе сакате прво да ги разгледате апаратите што трошат повеќе енергија, како оние за греење и за топлење вода. Попаметните контроли за греење и користењето на еко поставување на вашиот грејач за топла вода треба да вродат со плод.

Потоа, тука е кујната. Повеќето кујнски активности или оние за преработка на храната вклучуваат загревање на производите – со рерни и рингли – и ладење на производите – во фрижидери и замрзнувачи. Затоа, не е изненадување што една третина од целата потрошувачка на енергија во домаќинствата се случува во кујната. Не е тајна, повеќето кујнски апарати користат електрична енергија за работа. И, да, сѐ уште можете да влијаете на нејзината потрошувачка.

Совети и трикови за штедење енергија

Иако можеби сте го прескокнале првиот чекор со препорака најпрво да се изберат енергетски ефикасни производи, ве молиме обрнете внимание на сè што следува. Домашните апарати го зголемуваат обемот во текот на последната деценија. Поголемите комбинирани фрижидери, барабаните за машините за перење и телевизорите, откажаа некои можни заштеди на енергија. Се подразбира, потребите на една личност се разликуваат од потребите на две лица или на едно четиричлено семејство. Затоа, користете ја вистинската големина на апаратот за вашите потреби.

Енергетски најштедлив апарат е оној што е исклучен. Секако, нема да го исклучите фрижидерот, но имајте на ум дека микробрановите, електричните рерни, машините за перење, машините за миење садови и полнењето за телефон или лаптопот приклучен на полнење, ќе користат електрична енергија и доколку ги оставите вклучени, во мирување. Обидете се да си создадете навика да ги исклучувате овие апарати и уреди (да ги исклучувате од струја) кога знаете дека нема да ги користите подолг временски период.

Фрижидерот исто така нуди многу начини да заштедите енергија. Никогаш не треба да ставате топла храна директно во фрижидер или замрзнувач, наместо тоа, оставете го јадењето прво да се олади. Добра навика е да се размисли пред да се дејствува. Кога се става нешто во фрижидер, тоа во превод значи – размислете пред да ја отворите вратата на фрижидерот и држете го отворен колку што можете пократко. Gorenje отиде многу подалеку. Решението на Gorenje под називот AdaptTech е развиено за да одржува постојана температура во фрижидерот, без оглед на тоа колку често ја отворате вратата. Фрижидерот ги препознава вашите навики (на пр., континуирано го следи начинот на кој го користите) и управува со температурата, така што ја намалува потрошувачката на енергија. И во случај на подолго отсуство, користете го модусот EcoMode при што фрижидерот е поставен да работи по режим на заштеда на енергија бидејќи вратата е затворена цело време.

Слично и советот „не ја отворај вратата, освен ако не е потребно“, се применува при употребата на рерната – не ја отворај вратата на рерната ако не е потребно, бидејќи таа ќе користи многу повеќе енергија за да се компензира изгубената топлина. Ако можете, наместо тоа, погледнувајте низ стаклената врата.

Можете да заштедите многу енергија со попаметен пристап кон загревање на работите (храна или вода). Можеби сакате да користите микробранова печка наместо традиционалната електрична плоча за готвење или онаа на плин – особено ако загревате мали количини храна.

Загрејте вода во бокал, наместо на шпоретот. Исто така, користете само вода колку што ви треба – секоја дополнителна количина ќе бара повеќе време и енергија.

Постоењето на капаците има причина – секогаш покривајте ги тенџерињата и тавите. На овој начин ќе потрошите помалку енергија за да ја загреете храната. Дополнително, препорачуваме да го исклучите изворот на загревање неколку минути пред вашата храна да биде целосно зготвена, особено на електрична плоча за готвење, бидејќи е потребно одредено време таа да се олади (а храната ќе продолжи да се приготвува со постигнатата топлина).

Ви треба свежина? Нема проблем

IonGeneration комбинираните фрижидери од Gorenje се дизајнирани за максимална свежина. Нивната IonAir со MultiFlow 360˚ технологија континуирано го освежува воздухот за симулирање на природната микроклима и обезбедува совршени услови за складирање. Со паметните, практични функции за оние што ги употребуваат, тие лесно се приспособуваат на вашиот животен стил. Без разлика колку често ја отворате вратата на ладилникот, AdaptTech ја одржува оптималната температура и ја одржува вашата храна во совршена форма, додека системот за ладење NoFrost Plus спречува акумулација на мраз и го елиминира одмрзнувањето. Сега, исто така, достапен со вградената скриена рачка.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате