7 едноставни совети за замрзнување на вашата храна
Денес, кога нашите животи се растргнати помеѓу работата, грижата за нашите деца, одржувањето на чистотата во нашиот дом, хобито и сл., единственото нешто што навистина ни е потребно е повеќе време. Сметаме дека замрзнувањето на храната не само што ги завршува работите предвреме, туку исто така помага да заштедите пари. Она што е уште поважно, замрзнувањето е многу лесен начин да се спречи преголемото зреење на овошјето и на зеленчукот и тоа гарантира дека нив ги јадеме кога се тие сѐ уште сочни и исполнети со свежи хранливи материи.
1. Контролирајте ги порциите
Бидете сигурни дека ќе ја замрзнете храната во вистински потребните порции. На тој начин избегнувате да го одмрзнувате целото пиле кога готвите само за себе.
2. Направете список „Што има во мојот замрзнувач“
Бидете сигурни дека знаете што има во вашиот замрзнувач, во спротивно ќе потрошите многу пари и време. Лесно е да заборавите дека веќе имате три замрзнати банани и да купите нови.
3. Разладена храна
Замрзнувањето топли или многу жешки оброци само ќе придонесе за менување на температурата во вашиот замрзнувач и ќе предизвика другата храна да почне да се одмрзнува.
4. Направете план за оброците
Некои велат дека спасот е во планирањето на оброците! Може да земете слободен ден во недела, да готвите оброци за цела недела однапред и да ги замрзнете подготвените јадења. Замислете дека сѐ што треба да направите кога ќе се вратите дома од работа е да го извадите садот од замрзнувачот и да го загреете во рерна/микробранова печка. Да, тоа навистина е толку едноставно.
5. Не може сè да се замрзне
За да станете професионалец за замрзнување, треба да знаете исто така што не треба да се замрзнува. Списокот на намирници што не треба да се замрзнуваат почнува со: тврдо варени јајца, зелена салата, краставица, јогурт, сирење, билки, јаболка, лубеница, пржена храна, тестенини итн.
6. Чувајте го полн вашиот замрзнувач
Дали знаевте дека е поскапо ако работи речиси празниот замрзнувач отколку оној што е речиси целосно полн? Студениот воздух не треба да циркулира толку колку што е тоа случај во речиси празниот замрзнувач, а замрзнатата храна помага и во замрзнувањето на другите прехранбени продукти. Ова е причината зошто полниот замрзнувач може да ви помогне да заштедите енергија и пари.
7. Замрзнувањето не ги убива бактериите
Не сте сигурни колку долго е нешто замрзнато? Дали изгледа чудно штом ќе го одмрзнете? Фрлете го. Исто така, не замрзнувајте ја храната што навистина не е свежа – замрзнувањето нема да го подобри квалитетот или свежината на вашата храна.