International | Slovenija | Россия | Österreich | Bosna i Hercegovina | Северна Македонија | Danmark | Norge

Забавни вежби со семејството што можете да ги направите дома

Како може вежбањето да го направиме забавно за целото семејство? Како може да го направиме искуство во кое ќе ужива секој, да додадеме малку забава и можеби малку здрав натпревар?

Подготвивме список на едноставни вежби кои може да ги правите заедно со вашите сакани. Сигурни сме дека тие не само што секого од вас ќе го направат поздрав и ќе создаде здрави навики, туку исто така претставуваат забавен и едноставен начин да го поминувате времето заедно како семејство. На крајот на краиштата, сѐ е подобро кога се прави заеднички.

1. Направете список на омилени вежби на сите членови во семејството и дозволете му на секој член да ги покажува вежбите по 10 минути. За тричлено семејство, ова значи вежбање во времетраење од 30 минути.

ПРОФЕСИОНАЛЕН СОВЕТ!  Ако вашето семејство е мало и ви треба некаков дополнителен натпревар, може да размислите да поканите ваш сосед или роднина да се вклучи во играта.

ПРОФЕСИОНАЛЕН СОВЕТ! За да го направите тренингот поинтересен, може да поставите табла и да мерите чии сесии за вежбање се најпосакувани од сите членови на вашето семејство, кој најмногу отсуствува од вежбање и кој е секогаш присутен. Може да размислите за убава награда на крајот на секој месец за победникот во сите категории и некоја мала казна за последниот на таблата … Можеби да приготви вкусна вечера за сите?

2. Спортски велигденски јајца! Што е тоа? Може да размислите за неколку вежби што може да ги направите како семејство: стомачни вежби, трчање во круг, 15 минути брзо одење и запишете ги овие вежби на мали парчиња хартија скриени во пластични „јајца“ – или други предмети што може да ги отворат – низ куќата. Првата вежба за вашите деца би била да ги најдат. Кој прв ќе ги најде, може да ја води вежбата.

3. Што мислите за добра стара забава? Кој е најдобриот начин да ослободите малку енергија и да ги придвижите сите? Танцувањето! Секогаш имајте плејлиста подготвена за започнување во секое време, така што нема да ја пропуштите можноста за добар танц. Оваа вежба е нашата омилена. Толку многу е забавна и ни овозможува да бидеме спонтани! Во лето, може да го приредите ова надвор и можеби дури и да поканите пријатели и роднини.

4. Дали имате омилен фитнес гуру? Може да се обидете да ги следите неговите вежби на YouTube. Само осигурете се дека тој е омилен за секој од вас! Може дури претходно и да гласате.

ПРОФЕСИОНАЛЕН СОВЕТ! Направете го вежбањето редовна активност со малку забава. Така постапувајќи, може да го претворите во убава семејна традиција која сите со нетрпение ќе очекуваат!

5. Сесија за вежбање јога за сите? Ако некој од вашето семејство има знаење, може да пробате неколку едноставни вежби за истегнување. Може да согледаме толку многу придобивки од овие вежби за целото семејство: меѓу другото, јогата може да им помогне на вашите деца да ја подобрат својата концентрација.

ПРОФЕСИОНАЛЕН СОВЕТ! По тренинг сесијата, НАГРАДЕТЕ го вашето семејство! Може да организирате вкусна, хранлива заедничка вечера, проследена со убава филмска вечер. Летото доаѓа, па зошто да не преземете активности на отворено со удобни перници и пријатни прекривки? Прекрасна идеја да поминете драгоцено време на заедничко дружење и да создавате незаборавни спомени.

#Instalove

Side by side комбинираните фрижидери се крајниот избор за секој кој сака удобен и ефикасен начин за да ја зачува свежината на својата храна. Комбинирајќи го модерниот дизајн со моќната технологија и пространата внатрешност, овие апарати нудат лесно достапно и добро организирано складирање на сите ваши намирници. Не е ни чудо што веднаш ќе се вљубите во нив.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате