За молците, наборите и пеглањето

Како треба да се пегла кошула? Упс, зошто има мала дупка тука – се надевам дека не се молци. Како да се ослободам од нив? Тука ќе ги најдете одговорите што ги барате.

Како да се спречи туткање на облеката кога таа се суши во машина за сушење

Кога во машина за сушење од Gorenje сушите кошула која не се пегла, добивате кошула која нема тутканици – дури и кога нема да стоите крај вратата на машината и да чекате да ја извлечете кошулата веднаш штом машината ќе заврши. Делумно поради тоа што вентилаторот додава ладен воздух веднаш откако облеката е сува. И делумно поради тоа што сувата облека се врти во круг во машината за сушење на секои 5 минути, до еден час по завршувањето на циклусот.

Како да се исуши облеката за членовите на семејството што имаат проблем со алергии на полен: Користете машина за сушење алишта

Машината за сушење е непроценлива помош кога треба да се исуши облеката за членови на семејството кои имаат проблеми со алергии на полен. Ако сте алергични на полен, сушењето облека на отворено во сезона на полен не е добра идеја. Поленот ќе се нафати на чистата облека и ќе влезе во домот преку облеката. Со машината за сушење, исто така, сте ослободени од сушење облека во бањата или на радијатори ако облеката ви треба „баш во моментот“.

Како да ги спречите молците да влезат во вашата облека: Сува кора од лимон или од портокал

Еве еден трик за едноставното одржување кое само еднаш годишно ќе бара чистење на плакарот: посипете суви корки од лимон или од портокал меѓу облеката и чевлите во плакарите и во фиоките. Променете ги корите неколкупати годишно.

Како да се ослободите од молците и во исто време да обезбедите мирис во кој ќе уживате: Наберете лаванда

Повеќето луѓе ќе се согласат дека лавандата мириса одлично. За среќа, молците не се согласуваат. Тие едноставно го мразат мирисот на лаванда. Значи, ако сакате облека без молци, препорачуваме да ставите лаванда во парче муслин (фино плетена ткаенина од волна) и да ја завиткате како торбичка. Направете неколку торбички за повеќе фиоки и плакари. Освен што ги држат молците подалеку од вашата облека, торбичките со лаванда шират романтичен мирис во плакарите и на облеката.

Како да ја испеглате вашата кошула: Следете го овој водич за пеглање

Секогаш започнувајте со пеглање на најмалиот дел: јака, манжетни, ракави и на крај предниот и задниот дел на кошулата. Ако немате пегла на пареа, може да користите шише за прскање или влажна ткаенина/марамче и да го постилате над делот што го пеглате.

  1. Отворете ја јаката и испеглајте ги двете страни од јаката.
  2. Испеглајте ги манжетните внатре и однадвор.
  3. Испеглајте ги обете страни на ракавите. Поставете ги ракавите така што врвот на пеглата ќе се движи по шевот.
  4. Испеглајте ги деловите на рамената.
  5. Испеглајте ги обете предни делови, помеѓу копчињата и џебот.
  6. Испеглајте го грбот.

Како да избегнете истуткана облека на службено патување: Облеката се тутка од пакување

Обидете се да ја закачите истутканата облека во бањата и пуштете жешка вода. Затворете ги сите врати и прозорци во бањата. Пареата од топлата вода се впива во облеката и ги отстранува тутканиците. Ако на патувањето немате пристап до бања, понесете шише со распрскувач. Испрскајте ја облеката со вода и ставете ја облеката на рамно додека не се исуши. Не закачувајте ја зашто таа на тој начин нема да се исправи.

Животот е комплициран. Да го направиме одржувањето на алиштата поедноставно.

WaveActive машините за сушење од Gorenje се направени за да се заврши работата на ефективен, лесен и еколошки начин. WaveActive машините за сушење користат напредни технологии за супериорни резултати на сушење:
  • Програми дизајнирани да ги освежат влакната на алиштата за да ги омекнат и да ги намалат наборите.
  • IonTech кој го исполнува воздухот со негативно наелектризирани јони кои ќе ги отстранат најголемиот дел од алергените и бактериите.
  • SteamTech овозможува дополнителен третман со пареа за многу помеки алишта.
Сите WaveActive машини исполнуваат високи еколошки стандарди и се карактеризираат со енергетска ефикасност до максимум A +++ -10% енергетска класа. Уживајте во омилените работи. Оставете ни го перењето алишта нам.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате