Среќата е во малите нешта
Честопати тежнееме да чекаме или да се фокусираме на големи животни настани, како што се свадби, раѓања, родендени, дипломи, основање дом или унапредување на работа. Но, животот навистина го сочинуваат мали нешта, испреплетени во една поголема целина. Не ги пропуштајте. Не ги земајте здраво за готово. Не заборавајте да ги цените, бидејќи учењето да уживате во малите нешта во животот ќе има големо влијание.
Американскиот писател Курт Вонегат еднаш рекол: „Уживајте во малите нешта во животот затоа што еден ден ќе погледнете наназад и ќе сфатите дека тоа биле големи нешта“. Па, како можете да почнете да уживате во малите нешта – во моментот кога тие се одвиваат, а не кога веќе поминале? Направете мали чекори (игра на зборови).
Чекор 1: Најдете што ве прави среќни и правете го тоа често
Среќата има различно значење за секого. Откријте што е она што го тера вашето срце да чука забрзано и вклучете го тоа нешто во вашиот секојдневен живот – правете го тоа колку што е можно почесто. Излезете на вечера, прошетајте во природа, прочитајте книга, слушајте музика, направете релаксирачка бања или повторно откријте ја детската љубов кон сликањето. Што и да е, изборот да го правите она што ве прави среќни ќе ја изгради вашата самодоверба и вашето чувство за самопочит.
Чекор 2: Погледнете го светот низ очите на детето
Децата се, веројатно, најголемите учители кога станува збор за уживање во малите нешта и живеење во сегашниот момент. Ако имате деца, едноставно учете од нив. Ако не, нема проблем… само потсетете се како порано му се восхитувавте на светот како мал човек. Изградете замок од песок. Скокајте во баричките кога врне дожд. Одете боси. Направете шатор со ќебиња во вашата дневна соба и читајте книга со фенерче. Јадете сладолед за појадок и колачиња за вечера.
Чекор 3: Водете дневник со благодарност
Вчера е поминато време, утре е мистерија, а денес ќе биде готово уште пред тоа да го дознаете. Понекогаш, моментите на радост може да се занемарат, но ако почнете да пишувате дневник со благодарност секоја вечер пред спиење, ќе почнете да ги забележувате сите мали нешта што ве направиле среќни во текот на денот. И со текот на времето, ќе видите дека убавите работи, всушност, се случуваат цело време кога сте свесни за нив и кога ќе почнете да се фокусирате на позитивното. Дали вашето дете ви нацрта убава слика во градинка? Дали пеперутка слета на ветробранот на вашето возило кога одевте на работа? Дали се изнасмеавте додека пиевте кафе со вашата другарка?
Се надеваме дека ќе бидете среќни кога ќе го добиете тоа унапредување на работното место. Или кога ќе заработите повеќе пари. Или кога ќе ја пронајдете љубовта на вашиот живот. Или кога ќе ја купите вашата куќа од соништата. Но, зошто да чекате да бидете среќни кога можете веднаш да бидете среќни? Почнете да уживате во сите мали нешта кои ви даваат радост и малку по малку ќе видите дека среќата е секогаш околу вас. Малите домашни апарати на Gorenje се дизајнирани да ви помогнат да ги цените сите мали и големи моменти во животот. Не мора да чекате свадба за да испечете вкусна торта со помош на кујнскиот робот MMC1005W. Не мора да го чекате летото и скарите на отворено, кога можете да уживате во нив во текот на целата година со скарата TG2514B. Не треба да чекате да бидете среќни… среќата е веќе тука.