Победи ја летната депресија

Активности за деца

Летото е годишно време за релаксација, летувања и паузирање од рутинските активности. Но, дали знаевте дека располагањето со премногу слободно време може да има и негативни последици? Периодот познат како „враќање на училиште“ често се опишува и како „летна депресија“ – овој феномен подразбира дека децата заборавиле на клучните работи што ги научиле на училиште, а кај возрасните се појавува чувство на летаргија, недостаток на мотивација и намалена продуктивност.

Летните одмори се секогаш идеална шанса за нешто да правиме, во ред… за ништо да не правиме. Но, ако премногу не се прави ништо, тоа може да резултира со симптоми на летна депресија, особено кај децата, како што се прекумерно спиење, премногу гледање телевизија, премногу долго играње видеоигри, консумирање нездрава храна, па дури и запоставување на личната хигиена. Затоа, враќањето на училиште може да подразбира и почеток на една вистинска битка. И за вашите деца и за вас. Еве како може да ја победите летната депресија и да обезбедите непречена транзиција од крпите спростени на плажа до учебниците.

Повторно воспоставете ги конзистентните рутини на забавен начин

Во текот на летото, вашиот распоред веројатно беше многу пофлексибилен од вообичаено. Децата можеа да спијат колку што сакаат, да појадуваат побавно и да гледаат цртан филм пред да поминат на своите дневни активности. Сега е време да се вратите на вашата конзистентна рутина. Но, не мора да се претворате во воен наредник и да им викате на вашите деца издавајќи секакви наредби. Направете ги рутините забавни (и едукативни). За време на појадокот, може да учите математика, или со вашите деца да ја учите азбуката – натерајте ги да ги бројат лажиците брашно што се наведени во рецептот што го приготвувате или со чоколадото да напишат букви на палачинките. Секое утро, поттикнете ги вашите деца да се обидат да го надминат резултатот што го постигнале во текот на претходниот ден. Вчера се облекле за 2 минути. Дали можат да го направат тоа за пократко време? Оценувајте ги исто како и нивниот наставник – со оценка А (или 5) за добро измиени заби и со Д (или со 1) затоа што заборавиле да го наместат креветот.

Одржувајте го позитивниот начин на размислување

Разговарајте со вашите деца за позитивните аспекти на враќањето на училиште. Разговарајте за возбудливите можности што ги очекуваат, како што се повторното дружење со пријателите, запознавањето со новите наставници и истражувањето на нови области во рамките на новите наставни предмети. Охрабрете ги на искрени разговори во врска со нивните надежи, грижи и очекувања за претстојната година.

Одете на пазарување за на училиште

Купувањето училиштен прибор им помага на децата ментално да се подготват за враќање на училиште. Вклучете го вашето дете во изборот на сопствен ранец, тетратки и канцелариски материјал. Дозволете им да се изразат себеси преку изборот на предмети што ги одразуваат нивните интереси и нивната личност. Ова не само што влева чувство на самодоверба и гордост туку, исто така, гради исчекување и раѓа возбуда во пресрет на новата учебна година.

Создадете комфорно катче во вашиот дом

Воспоставувањето на простор посветен на изработувањето на училишните домашни работи и за учење има клучно значење за поставувањето на предиспозициите за успех за вашето дете. Одредете тивка област во вашиот дом каде што вашето дете ќе може да се фокусира и да се сконцентрира. Персонализирајте го местото со инспиративни постери, разнобоен канцелариски материјал, и овозможете удобно седење. Погрижете се просторот да биде добро осветлен и да овозможува учење без одвлекување на вниманието, обезбедувајќи средина која промовира продуктивност и креативност.

Охрабрете ги воннаставните активности

Враќањето на училиште, исто така, претставува можност за децата да ги истражат своите страсти и интереси преку воннаставни активности. Охрабрете го вашето дете да учествува во клубови, спортски тимови или програми за креативни уметности. Ова не само што ќе им помогне да развијат нови вештини туку и ќе ги поттикне да создаваат социјални врски и да го развијат чувството на припадност, што ќе го направи преминот назад кон училиштето поцелисходен.

Сега кога вашите деца се целосно подготвени, време е за ВАША полесна транзиција назад, на училиште (и на работа). Се вративте на динамичниот начин на живот – на грижата за децата, одржувањето на чистотата на вашиот дом и организирањето на обврските за време на работните часови, за што немавте мотивација поради летната депресија која ве зафати.

Вклучете го секој член на семејството во исполнување на домашните обврски

Децата обично мразат да ги сполнуваат своите домашни обврски, но, еј, тоа не значи дека вие треба да бидете единствениот член во семејството што ќе го сработува она што треба да се направи. Децата обично се многу натпреварувачки расположени, па како ви звучи одржување Олимпијада во исполнување на домашните обврски? Доделете им различни задолженија на различни членови на семејството и поставете тајмер. Кој може најбрзо да ги дипли алиштата? Кој може најдобро да ја исчисти својата соба? Кој може без дамки најдобро да го избрише подот, кој најбрзо може да ја испразни машината за миење садови GV693C61AD за 16 лица? Кој ќе ги направи најдобрите чоколадни колачиња во рерната BOS6747A01BG? Дајте им награди на најдобрите олимпијци, како на пример, еден ден да бидат ослободени од исполнување на домашните обврски или наградениот да избере што ќе гледате за време на семејната филмска вечер.

Создадете спомени: вградни рерни

Кујната е срцето на домот и нашите вградени рерни се срцето на секоја модерна кујна. Нивната карактеристична HomeMade форма со зголемен волумен од 71 литар им овозможува на вашите јадења секогаш да се печат до совршенство. Опремени со широк избор на функции кои го поедноставуваат готвењето, тие ќе ве инспирираат да се забавувате во кујната со вашите најблиски и да испечете вкусни спомени кога сакате.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате