International | Slovenija | Magyarország | Россия | Северна Македонија

Најдобри пијалаци за зимската меланхолија

Овие слатки, топли и вкусни пијалаци се вистинскиот избор за студените и мрачни зимски денови.

ТОПЛО ЧОКОЛАДО СО ЦИМЕТ

Среќа во чаша! Заборавете го броењето калории и само уживајте во овој богат и вкусен пијалак што ќе направи секој љубител на чоколадо да ги заборави своите проблеми.

  • 100 g млечно чоколадо
  • ¾ dcl шлаг
  • Мелен цимет

Искршете го чоколадото на парчиња. Ставете ги парчињата во сад за готвење, истурете го шлагот и оставете да се стопи сето тоа на тивок оган, мешајќи сѐ додека мешавината не стане мазна. Функцијата SoftMelt ќе ви помогне да го направите ова совршено. На крајот, додадете прстофат цимет и уште еднаш промешајте. Ставете го ова во убава чаша и декорирајте со стапчиња цимет или со други празнични детали.

Best drinks to cure the winter blues

ЧАЈ ОД ЃУМБИР СО ЛИМОН И СО МЕД

Колку прекрасен и смирувачки чај! Ѓумбирот, медот и лимонот се прекрасна комбинација.

Чајот од лимон и ѓумбир е одличен начин да се разбудите секое утро. Не само што е супер лесен за подготовка, туку од него може да имате вистински здравствени придобивки – како лекување на мачнина, главоболка и настинка.

  • 1 l вода
  • 3 супени лажици излупен и свежо рендан ѓумбир
  • 4 лажици мед
  • 30 ml сок од лимон

Излупете го коренот од ѓумбир со нож за лупење и изрендајте го. Водата загрејте ја до вриење, додадете го ѓумбирот во врелата вода и гответе го 10 минути на тивок оган. Ако сакате чајот да има поблаг вкус, едноставно ставете го ѓумбирот во врелата вода и исклучете ја ринглата. Нека отстои околу 10 минути.

Откако чајот малку ќе се излади, додадете мед и сок од лимон.

Индукциска плоча која одговара со вашиот стил на готвење

Без разлика дали подготвувате оброк за себе или готвите за целото семејство, OmniFlex идукциските плочи од Gorenje секој пат даваат вистинско искуство во готвењето. Со огромен број на фино поставени карактеристики кои ја поедноставуваат вашата интеракција со плочата за готвење, подготвувањето оброци никогаш не било поедноставно, поинтуитивно или полесно.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате