Мали промени кои ќе направат вашиот дом да изгледа како нов
Дали го знаете она возбудливо чувство на нов дом? Кога едноставно го сакате секој агол? Не мора да платите богатство да го преуредите или пак да се заљубите во вашиот дом. Сè што е потребно е неколку од овие мали идеи кои се прифатливи за буџетот и вашиот дом ќе изгледа како нов.
1. Цвеќе во саксии. Цвеќињата во саксии не само што го менуваат изгледот на просторијата, туку и го прочистуваат воздухот и го прават вашиот дом поздрава средина. Ако не сакате многу зеленило, изберете билки кои се полесни за одржување, како што се декоративното домашно зеленило, алое или мирисни лилјани.
2. Постелнина. Новата постелнина веднаш ќе го смени изгледот на вашата спална соба, без разлика дали ќе одберете геометриски форми или некои меки пастелни тонови.
3. Нова боја. Свежиот слој на боја може да донесе огромна разлика и не мора да чини премногу. Вие дури и не мора да го бојадисате целиот дом, само една соба, па дури и еден ѕид може да биде доволно за да внесете чувство на ново во вашиот простор.
4. Фотографии. Ништо не носи чувство на топлина во домот како семејни фотографии. Користењето слични стилови на фотографии (на пример, сите црно-бели фотографии) ќе ги направи да изгледаат поусогласени. Ако треба да заштедите простор, размислете да користите колаж рамки за слики кои ви овозможуваат да ставите повеќе фотографии во една рамка.
5. Налепниците за ѕид се уште еден начин за освежување на вашите соби. Тие се особено погодни за собите за играње и за детските соби, бидејќи тие лесно можат да се отстранат и да се заменат со нови. Кога вашите деца ќе ја „израснат“ фазата на диносауруси, можете едноставно да ги замените со роботи, вселенски бродови или што и да сакаат.
6. Перници и ќебиња. Перниците и ќебињата се најлесниот, најсуптилниот начин да внесете нова боја во вашиот дом. Да не зборуваме колку се пријатни!
7. Украси. Украсите се најлесен начин за промена на изгледот и чувството на една соба. На пример, неколку кујнски крпи, кујнски прибор и стилски нов блендер ќе дадат нов шмек во вашата кујна без голема инвестиција.