International | Magyarország | Srbija | Россия | Bosna i Hercegovina | Северна Македонија

Магијата на минимализмот во вашата кујна

Чисто, елегантно и мазно – минимализмот е водечки стил на 21-от век. Дизајнирањето на кујната во минималистички тренд создава простор што визуелно задоволува и што е функционален, без непотребен декор, што носи чувство на смиреност и на спокојство во ентериерот.

Кога го прифаќате минимализмот во вашата кујна, запомнете дека тоа што значи помалку всушностпретставува повеќе.

Избирајќи црни или бели кујнски ентериери, вие добивате одлична подлога на којашто ќе работите, што ви дозволува да создавате чист, модерен простор и што ја трансформира вашата кујна во магичен простор.

Научете како да направите вашата и така прекрасна кујна во црна или во бела боја, да изгледа уште поубаво, следејќи ги советите и цаките.

Шема на бои во минималистичката кујна

Кога се декорира еден минималистички ентериер, осигурете се дека ќе ја ограничите вашата шема на бои на само две или три бои. Комбинирајте со неутрални тонови ако сакате да креирате пософистициран, придушен ефект, или додадете палета на бои кон вашата црно-бела кујна и создадете една уметничка централна поента, што може да дејствува како магија во изведбата на кујнскиот шарм. Инкорпорирајте само една група на елементи во боја, како на пример жолти столови, или потполно пребојте го ѕидот – изборот е ваш. Исто така може да направите чекор напред и да си играте со монохроматските верзии на која било боја. Положете ги сенките на една иста боја на парчиња од различен материјал и креирајте вчудовидувачки и интересен визуелен ефект.

Дрвени елементи

Подлогите од различен материјал какво што е дрвото, делуваат како магија во рамките на една минималистичка кујна. Додавањето на дрвени елементи во една кујна во црна или во бела боја дава топлина во ентериерот и спречува од придржување до една студена или остра вибрација.

Инокс

Современите кујнски ентериери во црна и бела боја, искомбинирани со инокс, создаваат една аура на софистицираност и на луксуз. Размислете за додавање декоративни додатоци од инокс, како на пример, светилки што висат во вашата кујна, ако сакате да ја истакнете нотата на елеганција.

Кујнски остров

Дали постои подобар начин да постигнете драматичен ефект во вашата кујна од поставување кујнски остров во црна боја во ентериер во кој преовладува бела боја или обратно? Нагласениот контраст неизмерно добро се усогласува со дрвените елементи, креирајќи еден модерен и рафиниран изглед.

Подот и ѕидната облога

Додадете магична нота на вашата црно-бела кујна со воведување на една едноставна, но сепак визуелно привлечна ѕидна облога во рамки на ентериерот. Изберете стаклена лајсна во нијанси на црна, сива или бела боја или усогласете ја ѕидната подлога со горните површини на вашата кујна. Кога го избирате кујнскиот под, барајте природен камен, како гранит, графит, мермер или травертин.

Креирајте интересна фокусна точка

За да спречите вашата целосно црна или целосно бела кујна да изгледа здодевно, додадете интересен момент со истакнување на еден од вашите кујнски ѕидови. Во фокусот на вниманието ставете го ѕидот бојадисувајќи го во одредена боја, којашто може да  се движи од попридушена варијанта, како што е црн ѕид во бела кујна, до пожив избор на бои. Исто така може да го изведете ѕидот со додавање на материјали како плочка, тула или декорација од камен.

Едноставни, но креативни декорации

Додадете нота на живост на вашата црна или бела кујна со креативно инкорпорирање на хранливите производи во дизајнот на кујнскиот ентериер наместо да ги криете во фрижидерот. Поиграјте си со дрвени или со минималистички стаклени чинии во форма на топки и со жичени кошници или поставете ги овошјето и зеленчукот во декоративни тегли.

Магично едноставни, едноставно убави

Откријте ја новата колекција на апарати за домаќинство Ora ïto на Gorenje, дизајнирани според концептот на „едноставноста“ на ïto, што значи создавање хармонија помеѓу сложеноста на функциите и едноставноста на користењето. Достапни во црна или во бела боја, тие се карактеризираат со елегантни, минималистички одлики, па линијата на апарати за домаќинство Ora ïto на Gorenje претставува визуелно подобрување на секоја кујна.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате