Избркајте го нередот, со бодрење

Young woman sorting wardrobe indoors at home, charity donation concept.

Додека празничното славење заминува на заслужен одмор, време е да најдеме решение за остатоците од декемврискиот хаос. Заборавете на одлуките поврзани со салата за вежбање, ајде да најдеме решенија да ги стегнеме во добра форма нашите кујни и да го означиме новиот почеток на нашата листа (со желби за исполнување за Дедо Мраз) со совети за уредување.

Расчистувањето на домот не само што создава визуелно попривлечен простор за живеење туку придонесува и за предизвикување чувство на спокојство, уживање и ред во нашиот секојдневен живот. Сепак, ние се стремиме кон фокусирање на расчистувањето на просторот во кој живееме што го гледаме и забораваме на расчистувањето на „внатрешните катчиња“ во домот – кујнските апарати. Значи, денес се упатуваме кон кујната и ја подготвуваме за еден неверојатен почеток на уште една нова година!

Почнете со вашиот фрижидер и со замрзнувачот

Ако сте слични на мнозинството луѓе, вашата новогодишна одлука веројатно гласела дека сега треба да јадете поумерено откако празниците завршија. Прво, проверете во вашиот фрижидер дали има намирници пред истекување на нивниот рок за употреба и креирајте ги оброците со намера да се спречи фрлањето на храната. Фрлете го сето тоа што не може да се јаде или на коешто му поминал рокот за употреба. Потоа, уредно складирајте ги новите намирници обрнувајќи внимание на подобрувањето на видливоста. Намирниците чувајте ги заедно, во групи, како овошје, зеленчук, остатоци од оброците и млечни производи.

Истото сторете го и со замрзнувачот. Комплетно испразнете го и фрлете ги сите намирници со истечен рок или оние што веќе толку долго стоеле во замрзнувачот, така што не можете да гарантирате дека сè уште се јадат. Категоризирајте ја замрзнатата храна, аранжирајте ја во порции како месо, зеленчук и веќе подготвени оброци, и размислете за лепење етикети за да обезбедите брза идентификација. Спроведете систем по принципот прв влегува-прв излегува и секогаш искористувајте ги најпрво постарите намирници пред поновите.

Продолжете со кујнските апарати

Ненатрупаноста со кујнски апарати овозможува поорганизирано и поефикасно катче за готвење. Проценете ги функционалноста и потребата од секој апарат. За уредите што често ги користите, како што се блендери, тостери и апарати за кафе, определете постојани места за да спречите создавање неред на работните површини. Потоа, исчистете ги апаратите и проверете дали се добро одржувани. Натрупаната кујна не само што ви заштедува време туку дозволува да блесне вашата кулинарска креативност без непотребниот прибор да го одвлекува вниманието.

Испразнете ја рерната, отстранете ги остатоците или заборавените тави. Исчистете ја внатрешноста (или, ако вашата рерна е рерна од Gorenje, притиснете го копчето за самочистење). Ослободете се од садовите за печење што не ги користите често.

На микробрановите печки, темелно исчистете им ја внатрешноста. Подгответе садови за складирање и капаци безбедни за готвење во микробранова печка во одреден простор во кујната заради брз пристап до нив. Користете капаци безбедни за готвење во микробранова печка за да спречите излевање и прскање, што условува и полесно чистење. Определете одредени полици или фиоки за садови и прибор што може да се користат за приготвување јадења во микробранова печка, како што се садови за складирање храна што може да се загреваат и садови за готвење безбедни за приготвување храна во микробранова печка.

Прославете ја Новата година во уредност

Како што го прифаќаме почетокот на новата година, ајде да ја насочиме нашата енергија во создавање простори кои инспирираат спокојство и ефикасност. Паметните решенија за организираност, без разлика дали се во форма на високотехнолошки апарати или едноставни техники за мерливост, можат да предизвикаат револуција во начинот на кој пристапуваме кон расчистувањето на нашите домови. Со вклучувањето на овие совети во нашите рутини, не само што можеме да одржуваме поуредни простори за живеење туку и да негуваме чувство за ред што позитивно влијае на нашата севкупна благосостојба. Еве, пристапуваме кон една година на средени домови без неред!

Дополнителна свежина, дополнителни витамини: NatureFresh вградни комбинирани фрижидери

Кога станува збор за производството на свежа храна, полна со вкус и богата со хранлива вредност, отсекогаш најдоброто можело да се научи од природата. Затоа новите NatureFresh вградни комбинирани фрижидери од Gorenje ги имитираат природните услови со тоа што го одржуваат процесот на фотосинтеза, го контролираат нивото на влажност и обезбедуваат свеж воздух. Освен тоа, вградните NatureFresh комбинирани фрижидери од Gorenje, имаат високоенергетски рејтинг кој се движи од A+ до A+++, а нивниот модуларен и флексибилниот дизајн осигурува дека тие совршено ќе одговараат на секој животен стил.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате