Квалитетно време за квалитетна благосостојба

Young couple having fun

Овој месец се фокусираме на важноста да се помине квалитетно време за квалитетно ментално здравје. Без разлика дали се работи за време поминато со Вашиот партнер, пријателите или со саканите, градењето и зајакнувањето на врските може да има позитивно влијание врз вашата ментална благосостојба.

Мај е месец со многу магија во воздухот – традиционално е поврзан со растот, просперитетот, виталноста и надежта. Но, од 1949 година, мај се промовира и како месец на менталното здравје, додавајќи нов слој во ширењето позитивност, работењето на себе и негувањето на врските со луѓето околу вас. Менталното здравје има клучно значење за да се живее исполнет живот, бидејќи тоа влијае на сè, од нашето расположение до нашите мисли до нашата севкупна благосостојба.

А кога зборуваме за благосостојбата, една од најдобрите работи што може да ги направите за вашето ментално здравје е да ги негувате вашите односи – особено со Вашиот драгоцен партнер. Па, зошто да не го искористите овој посебен месец и да планирате незаборавни заеднички моменти? Без разлика дали повеќе преферирате романтични вечери, авантуристичко планинарење или едноставно да се гушкате на каучот, постојат еден тон начини да создадете искуства што ќе имаат значење со оној што го сакате и со таа активност да го подобрите Вашето и менталното здравје на Вашиот партнер.

Позитивните ефекти од една здрава романтична врска

Како социјални суштества, ние поседуваме природен нагон да се поврземе со другите, а овие социјални врски се основен дел од човечкото искуство. А кога станува збор за романтичните врски, тие играат особено витална улога во рамките на нашата ментална и емоционална благосостојба. Истражувањата постојано покажуваат дека интензивните романтични партнерства имаат неверојатно влијание врз нашите животи. За почеток, тие може да ни помогнат да чувствуваме помалку стрес, повеќе смисла во животот, па дури и да ја зајакнеме нашата способност да се избориме со животните предизвици. Но, придобивките не застануваат тука! Здравата романтична врска, исто така, може да ни помогне да развиеме клучни животни вештини, какви што се: комуникацијата, решавањето конфликти и решавањето проблеми. Плус, таква врска може да претставува оружје за борба против чувствата на анксиозност, осаменост и депресија.

Сепак, не е тајна дека градењето добри односи претставува напорна работа. Но, еј, за сè што вреди да се има, вреди и да се потрудите, нели? За да помогнеме да ја задржите искрата на квалитет помеѓу вас и вашите сакани, направивме избор на неколку интересни идеи за тоа како квалитетно да го поминете времето кога сте заедно, некакви активности различни од класичните филмски вечери или вечери во ресторан. Обидете се да ги реализирате, а квалитетот на заеднички поминатото време ќе биде загарантиран!

Обидете се со ново заедничко хоби

Споделувајќи го своето хоби, споделувате искуства и создавате спомени. И двајцата може да напишете три хобија што би сакале да ги практикувате на парчиња хартија, да ги ставите сите ливчиња во една тегла и да го изберете хобито победник. Бидете креативни во изборот и размислете за хоби за кое никогаш не сте помислиле дека со него ќе се обидете да излезете од вашата зона на комфор. Може да се одлучите за часови по изработка на керамички предмети или за одгледување алпаки.

Одете на патување

Дестинација? Непозната. Само влезете во автомобилот кога ќе имате слободен ден и возете каде што ве носи ветрот (или, подобро кажано, патот). Може да ја направите патеката уште поинтересна и секој пат кога ќе дојдете на раскрсница, некој од вас треба да одлучи дали ќе продолжите налево или надесно. Не само што, веројатно, ќе „слетате“ некаде каде што никогаш порано не сте биле туку и ќе согледате дека патувањето е исто како и вашата врска – и двајцата понекогаш не знаете каде одите, но важно е само дека патувате заедно.

Запишете се на час по танцување

Заедничкиот час по танц може да биде навистина забавен и романтичен начин како да го поминете времето со Вашиот партнер. Без разлика дали учите нов стил на танцување или ги усовршувате вашите танцувачки движења што претходно сте ги научиле, тоа претставува одличен начин да се зближите и да уживате во заедничкото друштво. Плус, танцувањето е физичка активност која ослободува хемикалии што предизвикуваат веселост и го подобрува вашето расположение, така што и двајцата ќе се чувствувате посреќни и поенергични по завршувањето на вашиот заеднички час. Не мора да бидете совршен танчар за да уживате во еден час по танцување – сето тоа го правите само за забава и за поврзување со вашиот партнер преку движење и уживање во малите смешни моменти кога немате обврски.

Направете временска капсула

Резервирајте одредена вечер за квалитетно време поминато во сентиментални сеќавања. Наполнете една кутија со работи што обајцата најмногу ги сакате. Вашите омилени заеднички фотографии, разгледницата што сте си ја испратиле кога првпат сте се разделиле, билетот за в кино од првиот состанок, вашите свадбени завети. Одредете го времето кога повторно ќе ја отворите капсулата, на пример, за 5 или 10 години.

Одете на театарска комедија

Смеата е моќна алатка за градење врски и создавање позитивни спомени, а гледањето на шоу-комедија во живо навистина може да претставува посебно искуство. Може да ги споделите возбудата и енергијата на публиката и можеби ќе откриете нов заеднички омилен комичар. Плус, кога се смеете заедно, и двајцата ќе се чувствувате порелаксирано и поспокојно, што може да создаде навистина пријатна вечер за состанок. Без разлика дали претпочитате стенд-ап комедија, скеч-комедија или импровизирање, сигурно ќе најдете некое шоу што ќе ја заскокотка вашата жица за смеа и ќе ве поттикне обајцата да се смеете.

Волонтирајте заедно

Постојат безброј организации кои би можеле да ја искористат вашата помош и причини поради кои би ја понудиле, па затоа е лесно да се најде нешто што може да се усогласи со вашите интереси и вредности. Без разлика дали сакате да волонтирате во локалната банка за храна, засолништето за животни или во некој центар на локалната заедница, има многу можности да се вклучите и да направите нешто различно.
Волонтирањето со вашите сакани, исто така, може да ви помогне да ја зајакнете и да ја продлабочите врската, бидејќи заедничката работа, што води кон заедничка цел, може да биде моќно искуство на поврзување. Плус, кога волонтирате заедно, ќе се гледате еден со друг во нова светлина и ќе дознаете повеќе за меѓусебните страсти и перспективи.

Испланирајте си заедничка натпревар во готвење

Кој вели дека квалитетно поминато време значи вечера во вашиот омилен ресторан? Изберете тема, на пример, „Храна што почнува со буквата П“ или „Мароко“ или „Десерт со 3 состојки“ и натпреварувајте се меѓусебно во готвење.
Со малку креативност, заеднички поминатото време ќе се претвори во забавно (и смешно) искуство кое ќе ја зајакне вашата врска и ќе го подобри вашето целокупно ментално здравје. Затоа, пробајте нешто ново. Којзнае, можеби тоа ќе стане ваша нова омилена традиција!

Индукциска плоча која одговара со вашиот стил на готвење

Без разлика дали подготвувате оброк за себе или готвите за целото семејство, OmniFlex идукциските плочи од Gorenje секој пат даваат вистинско искуство во готвењето. Со огромен број на фино поставени карактеристики кои ја поедноставуваат вашата интеракција со плочата за готвење, подготвувањето оброци никогаш не било поедноставно, поинтуитивно или полесно.Прочитај повеќе
Сподели:

Можеби би сакале да прочитате